Спасовски: Ова е изолиран и инцидентен случај од група на криминалци, бандити, монструми

December 4, 2023
1 min read

реклама


Министерот Оливер Спасовски на прес-конференција кажа дека е расчистен случајот околу убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, кои биле убиени и закопани во околината на Скопје, односно на Велес.

Спасовски кажа дека монструмот е надвор од државата, и дека ќе стори се да биде изнесен пред лицето на правдата штом стапне на македонско тло.

реклама

„Ќе сторам се и јас и инситуцијата, овој монструм на кој му ја следиме трагата, час поскаро штом стапне на наше тло да биде изнесен напред лицето на правдата. Сакам да искажам уште еден став во однос на објаснувањето зошто синоќа немаше прес-конференција, туку денеска. Затоа што претходно беше детално образложено, меѓутоа изјавите, пишувањето дека било неработен ден за МВР и обвинителството, ги третираме само како една неодговорност во овој момент, затоа што ниту МВР ниту ОЈО немаат ниту работно време, немаат ниту слободни денови, напротив, во секој еден момент може да се излезе и да се соопшти, но тој момент мора да биде вистински, во вистинско време, кога ќе се завршат и утврдат сите аспекти, затоа што никако во работењето не може да стане збор за инстант пи-ар.

Се формираше посебен штаб, извршени беа претреси по домови во Скопје, Велес, Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возила и други предмети, извршени се бројни разговори со семејствата, со познаниците, со пријателите, лица кои може да имаат било каква информација, а во истражните дејствија беа вклучени стотици припаници на МВР.

реклама

Станува збор за изолиран случај, инцидентен случај од група од криминалци, бандити, монструми, кои сакале да изнудат финансиска корист и кои го познавале семејството. Покрај медиумите за професионалното известување, сакам да се заблагодарам на граѓаните кои имаа десетици пријави, за кои полицијата веднаш излегуваше на терен за да ја провери веродостојноста на секоја од нив.

Посебна благодарност на македонската полиција, скопската, велешката, кои неуморно се вложија да ги изнајдат исчезнатите, успеаја за рекордно брзо време да се расчистат вака прецизно испланираните брутално кривични дела, да ги пронајде телата. Да се заблагодарам до обвинителството кои работевме паралелно на откривање на сторителите и мотивите за овој чин“, рече Спасовски.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати израелски војници во Газа се искачи на 75

Следно

Изнуда на пари од продаден стан причина за грабнувањето на Вања

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop