Спасовски: Отвораме нов простор во Скопје за замена на личните документи и без закажување

October 9, 2023
2 mins read

Министерот за внатрешни работи е убеден дека сите граѓани ќе успеат да ги заменат своите лични документи со нови со новото уставно име до истекот на рокот во февруари в година. Бидејќи најголемиот број барања се во Скопје, најавува отворање простор со дополнителни работни позиции каде што граѓаните ќе можат да дојдат по нови документи и без закажан термин

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи / фото: „360 степени“

Министерството за внатрешни работи подготвува дополнителни работни простории за зголемување на капацитетите за издавање лични документи со новото уставно име, обелодени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

„Ние веќе подготвуваме еден посебен простор во Градот Скопје со инсталирање нови работни позиции, нови работни станици, на кои граѓаните ќе можат да извршат дактилоскопирање, сликање итн. за новите лични документи. Веќе во наредните денови ќе бидеме подготвени и ќе можеме да ги отвориме новите позиции во кои граѓаните ќе можат дури и без најава да дојдат и да ги менуваат своите документи“,

рече Спасовски.

Од интевјуто со Оливер Спасовски / фото: „360 степени“

Но, при подготовките за интервјуто со Спасовски, „360 степени“ се обиде да закаже термин за промена на лични документи. Терминот што го добивме е 25 јули 2024 година, а рокот за промена на документите истекува во февруари. Прашањето е што ќе прават граѓаните што со месеци ќе останат со документи со старото име.

„Затоа реков дека создаваме нови работни позиции во посебен објект, со тоа што ќе можат граѓаните да доаѓаат и без закажување. Идејата е максимално да се динамизира овој процес за сите овие граѓани да можат да си ја завршат работата. Знаете дека работиме и двосменски. Работиме и за време на викенди. Сè со цел да се постигне реализација на целиот процес“,

вели тој.

Спасовски е убеден дека до истекот на рокот сите граѓани ќе ги сменат своите лични документи.

На прашањето зошто МВР не почна со издавање лични документи со новото уставно име веднаш или наскоро по потпишувањето на Преспанскиот договор, Спасовски рече дека усогласувањето со уставните измени и законот за јазици барале подготовка.

„Никој не ги направил пасошите со новото уставно име или со примена на законот за јазици за да може Република Северна Македонија сега да оди во некој ’драгстор’ или во трафика да ги купи и веднаш од утредента да почне. За тоа требаше да заврши период во кој стапува на сила законот, ратификации итн., па да се отпочне постапка во која софтверски и хардверски ќе се подготви, па да се нарачаат обрасци, па тие обрасци да бидат изработени, да дојдат и да стартуваме од 1 јули“,

вели Спасовски.

На прашањето дали е фер, дури и да имало објективни околности, граѓаните да ја плаќаат цената, Спасовски одговори дека така кажуваат правните документи, меѓународните договори и домашните законски измени.

„Тоа (потребата за замена на документи, н.з.) не е секогаш на две години. Моментално, таква е состојбата во којашто ние правиме промена поради уставните измени и тоа е факт од кој никој не може да избега“,

рече Спасовски.

Тој вели дека се шпекулации и невистини тврдењата дека некој може да биде казнет ако до истекот на рокот не извади нови документи.

Според министерот, досега личните документи ги смениле над еден милион граѓани и тој е задоволен од динамиката на овој процес. Вели дека 80 отсто од граѓаните од внатрешноста на земјата веќе си ги замениле личните документи за разлика од скопјани.

„Факт е дека околу 70 проценти од закажаните термини што ги имаат граѓаните на телефонскиот број ги откажуваат, не се појавуваат на тие термини, па презакажуваат нови термини, што создава одлагање на целиот процес“,

вели Спасовски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во целосен прекин регионалниот пат Ресен – Царев двор поради сообраќајка

Следно

Зеленски: Во интерес на Русија е да се разгори војна на Блискиот Исток

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop