Спасовски од Европската Комисија: Република Северна Македонија е подготвена и способна да го обезбеди своето место во Европската Унија

November 28, 2023
2 mins read

реклама


Денеска (28.11.2023) во Европската Комисија во Брисел, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по завршувањето на Меѓународната конференција за глобален сојуз за борба против криумчарење мигранти, на која што учествуваше со свое обраќање на македонски јазик, упати видео порака до граѓаните на Република Северна Македонија.

Истакнувајќи го задоволството што на покана на еврокомесарката за внатрешни работи и миграции Илва Јохансон, е дел од конференцијата во Брисел, заедно со колегите министри од земјите членки на ЕУ, претставници од Европскиот парламент, од Агенциите за правда и внатрешни работи на ЕУ – ЕВРОПОЛ, СЕЛЕК и ЕУРОЏАСТ, и меѓународните организации, кои како рамноправни партнери учествуваа на заедничката средба која ја отвори претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, Спасовски се осврна на резултатот од партнерската дискусија на рамноправни основи, во која сите се повикани да се потпрат едни на други – заедничкиот Повик за акција на засилена соработка помеѓу сите партнери.

реклама

„Прва причина за тоа е што справувањето со шверцот на мигранти по клучните рути и чувањето на надворешните граници како врвен приоритет претставува ништо помалку од – заеднички предизвик. Второ, затоа што решавањето на овој предизвик ќе биде можно само со заеднички напор, колективна акција и продлабочена взаемна соработка на меѓународно рамниште. И трето, затоа што сето ова говори дека не може да зборуваме за стабилна и безбедна Европа, за сигурни европски граници, без стабилна и безбедна Северна Македонија, без силно гранично управување. Конечно, оваа Глобална алијанса е уште една потврда дека цврстата порта на нашата земја ја гарантира безбедноста на европските граници, а спречувањето на прекуграничниот криминал кај нас, ветува безбедност на европскиот граѓанин. Тоа е спрегата која означува дека сме ја поминале критичната точка за приближување кон ЕУ”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека политиките коишто се спроведоа на дело во изминатиот период, поради кои годинава се обезбеди намалување на обидите за илегални преминувања за 50% во однос на лани, покажаа дека Република Северна Македонија е подготвена и способна да го обезбеди своето место во Европската Унија.

„Македонските граѓани природно припаѓаат кон европското семејство, ги заслужуваат европските вредности и тежнеат кон избраната перспектива за еднакви можности, за владеење на правото, слобода, пазарна економија, грижа на државата за секој граѓанин, за живот во стабилно општество во кое правилата и правата се константа како и за нивните идни сограѓани во ЕУ”, истакна Спасовски.

реклама

Говорејќи за денешниот состанок како дел од низата настани кои ја позиционираа државата и МВР како рамноправен партнер на меѓународната заедница, Спасовски рече:

„Овој денешен состанок, впрочем како и неколкуте историски настани наназад, во кои државата се востоличи како рамноправен партнер токму преку МВР, а јас како министер ја имав честа да бидам иницијатор и директен учесник – како што беше отпочнувањето на заедничката операција со Фронтекс во април годинава, или Договорот со ЕУ на македонски јазик, кој го потпишав половина година пред тоа, се моментумите кои ја означуваат точката од која нема враќање назад од европскиот пат. А штом стигнеме до целта на оваа маратонска трка – чии долги патеки со препреки не нѐ исплашија, туку нѐ мотивираа, во која сме длабоко навлезени и одиме кон целта – дури тогаш ќе можеме да бидеме потполно задоволни: со длабочината на реформите, со процесот на демократизација, со промените на вредностите, со резултатите од вградената енергија, визии и макотрпна работа. Затоа нашиот интерес е ЕУ! Затоа Европа е единствената алтернатива која нуди најдобра иднина за нашите граѓани, која сакаме, можеме и мора да ја достигнеме! Особено сега, кога сме на чекор до неа”, истакна Спасовски.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Лавров доаѓа во ОБСЕ, не во Македонија“, летот е дозволен во бугарски воздушен простор

Следно

Сообраќајот по претежно влажни коловози, снежни врнежи на превојот Стража и во Крушево

Latest from Blog

Уште еден удар за Германија пред СП, се повреди асот на Арсенал!

Германскиот репрезентативец Каи Хаверц се повреди во победата на Арсенал над Њукасл во Премиер-лигата со 1-0 и мораше да го напушти натпреварот во првото полувреме, што предизвика голема загриженост пред претстојното Светско

Коњановски: Поддршката за младите спортисти останува приоритет

Викендов Битола беше домаќин на вистински спортски празник, откако по 14-ти пат се одржа меѓународниот Велигденски кошаркарски турнир во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“ Битола, со поддршка од Општина Битола. Градоначалникот на

Димитриеска Кочоска: Денарот 34 години симбол на стабилност и доверба

Денеска се одбележуваат 34 години од монетарната самостојност и постоењето на македонскиот денар, валута која, како што истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, успешно се справувала со бројни предизвици и се

Коњановски: Федерацијата ја издвои Битола како лидер во куглањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека кугланата во градот нуди едни од најдобрите услови за куглање во државата, по одржаното поединечно првенство во сениорска конкуренција. Тој посочи дека натпреварувањето се одвивало

„На под“: Како гала вечерта на Трамп се претвори во хаос за неколку секунди (ВИДЕО)

„На под! На под!“ Стотици новинари, членови на кабинетот, дипломати и истакнати личности од елитата на Вашингтон, кои само неколку моменти претходно пријатно си разговараа на храна и пијалоци, одеднаш се згрчија
Go toTop