Спасовски: На фирмите кои се на „црната листа“ на САД треба со закон да им се забрани да учествуваат на тендери за јавни набавки

November 17, 2023
4 mins read

Прашан во врска со споменувањето на поранешниот премиер Зоран Заев и ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски во образложението за црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, кој исто така се најде на „црната листа“ на американското министерство за финансии, а во контекст на наводно давање поткуп за организирање на средба меѓу Заев и Давидовиќ, Спасовски рече дека „образложенијата и споменувањата не се одлука“ и дека ако требало некој да биде во одлуката тие (САД н.з.) ќе го ставеле

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека треба да се донесе законско решени со кое фирмите кои се или ќе се најдат на американската „црна листа“ да не можат да учествуваат на тендери објавени од државни институции во земјава.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговара на новинарски прашања по денешнбиот увид во изградбата на новиот објект на полициската станица во Аеродром / Фото: Принтскрин

Околу ова прашање министерот очекува да се отвори дебата во Владата, откако вчера т.н. „црна листа“ на САД беше „збогатена“ со имињата на уште три лица со македонско државјанство и четири фирми повразни со бизнисменот Јордан Орце Камчев, кој веќе се наоѓа на американската листа на санкции.

Спасовски изјави дека одлуката на „црната листа“ на САД да се стават рускиот бизнисмен со макеоднско државјанство Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, како и Ратка Камчева, мајката на бизнисменот Јордан Орце Камчев е очекувана. Тој додаде оти очекува и други лица кои се огрешиле пред законот и нелегално направиле големо богаство на територијата на државата да бидат санкционирани.

„Прво ова е очекувано. Јас очекувам дека и други лица коишто се занимаваат со криминал, коишто не допринесуваат во борбата против корупцијата, оние коишто се судени, им се водени постапки, одлежале казни затвор, коишто направиле огромно богаство на територијата на државата, нормално на секој можен начин тоа да се санкционира. Јас очекувам дека ќе се отвори една дебата во Владата во овој контекст. Ние разговаравме еднаш по првото објавување на листата и очекувам дека ќе треба да се донесат одредени конкретни мерки. Јас очекувам да се создаде законска можност ваквите компании да нема да можат да учествуваат во јавните набавки во кои ќе се исплаќаат јавни пари или на конкретните лица или на компаниите коишто ги имаат. Така што преку една дискусија сигурно ќе мора да воведеме и некакви нормативни мерки коишто практично ќе ги тангираат ваквите лица“,

изјави министерот за внатрешни работи по денешниот увид во изградбата на новиот објект на полициската станица во Аеродром.

Прашан во врска со споменувањето на поранешниот премиер Зоран Заев и ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски во образложението за црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, кој исто така се најде на „црната листа“ на американското министерство за финансии, а во контекст на наводно давање поткуп за организирање на средба меѓу Заев и Давидовиќ, Спасовски рече дека „образложенијата и споменувањата не се одлука“ и дека ако требало некој да биде во одлуката тие (САД н.з.) ќе го ставеле.

„Јас апелирам пред сè тоа што е објавено како одлука од страна на американската администрација тоа да го прифатиме и презентираме. Таму образложенија се даваат на секоја поединечна одлука којашто ја имаме, меѓутоа образложенијата, споменувања итн. не се одлука. Ако требало да биде некој во одлуката тие ќе го ставеле“,

рече Спасовски.

На дополнително прашање дали тој слушнал за таквите наводни активности наведени во образложението од министерството за финансии на САД и дали институциите требало да преземат нешто, министерот за внатрешни работи одговори:

„Јас немам информации за организирање за било каква средба помеѓу било кого, а цел на истражни органи не е организирање на средби, туку како некој се впуштва во криминал и организира криминал“

Заменик-министерката за правда Викторија Мадиќ Аврамовска, која, исто така беше на увидот, одговарајќи на истата тема, рече дека пораките кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави треба да ги прифатиме најдобронамерно. Таа повика и на поголема ажурност од страна на македонските правосудни органи.  пораките од Американската Амбасада секогаш треба да ги прифатиме најдобронамерно. 

„Институциите кои се надлежни за тоа – обвинителството и судството треба да помогнат за да немаме нови имиња на вакви листи, туку да покажеме дека ќе се одважат и ќе можат да превенираат и процесите доколку ги има за одредени лица  да ги завршуваат порано. Ги повикувам и обвинителството и судството да бидат поажурни и во иднина да можат подобро да ги спроведуваат процесите не само за овие туку и за сите други лица за да немаме вакви ситуации“,

рече Мадиќ Аврамовска.

Заменик-министерката за правда, Викторија Мадиќ Аврамовска / Фото: Принтскрин

Инаку, за потсетување Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на Јордан Орце Камчев од вчера се на американската „црна листа“, каде им се придружија на веќе споменатиот Јордан Орце Камчев, на актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, експремиерот Никола Груевски и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Одлуката беше објавена вчера попладне на веб-страницата на американското Министерство за финансии.

Покрај нив тројца на листата се ставени и компаниите „Систина Лајф Кеар Центар“, „Орка Холдинг“, „Бет сити“, „Орка Фајнанс“, „Камчев консалтинг“.

Самсоненко, Ирина и Куновска Камчева се најдоа на листата согласно извршната наредба 14033 на американската администрација поради „материјално помагање, спонзорирање или обезбедување на финансиска, материјална или технолошка поддршка, како и стоки и услуги за поддршка на Јордан Камчев.

Основата за ставањето на „црна листа“ за брачната двојка Самсоненко и мајката на Камчев се трансакциите опфатени со случајот „Парцели на Водно“, во кој Самсоненко сведочеше, а Камчева со синот Орце беше обвинета за перење на пари.

На листата освен македонските државјани и фрими се најдоа и лица и компании од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На „црната листа“ од Црна Гора се најдоа Мидраг Дака Давидовиќ и Бранислав Брано Миќуновиќ.

Во образложението на одлуката за Давидовиќ од американското министерство за финансии се наведува:

„Неговите коруптивни активности ги овозможија напорите на Русија да ја компромитира независноста на демократските институции и судството во земјата, вклучително и нејзините напори да влијае на изборните резултати. Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен советник на поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги унапреди бизнис неговите бизнис интереси. Од 1991 до 1992 година, Давидовиќ беше министер за трговија во владата на самопрогласениот Српски автономен регион (ДЗР) на БиХ“,

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костадиновска-Стојчевска: Македонската културна дипломатија е подготвена да одговори на глобалните предизвици

Следно

Шест милијарди од ЕУ за раст на Западен Балкан, за Македонија 860 милиони, но само доколку се исполнуваат реформите

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме
Go toTop