Спасовски: Кривична ќе има и против лицето кое го возеше Палевски од Србија до Турција

December 7, 2023
1 min read

Министерот, меѓу другото, информира дека адвокатот на Љупчо Палевски, кој вчера попладне беше на распит, сè уште е во полициска станица, а по завршување на распитот службите ќе одлучуваат за натамошните чекори кои ќе бидат преземени во врска со него

Адвокатот на Љупчо Палевски-Палчо, Васко Стојков, со кого првоосомничениот за двете убиства од земјава замина за Белград на 30 ноември, сè уште е на распит во полициска станица. Тој е во станица од вчера попладне, а по завршување на распитот, како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, службите ќе одлучуваат за натамошните чекори кои ќе бидат преземени во врска со него.

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

„Задржан е во полициска станица на распит којшто сè уште трае во рамките на тоа 24-часовно задржување и кога ќе заврши ќе одлучат службите што понатаму да прават“,

изјави Спасовски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на СВР-Охрид.

Адвокатот на Палевски пред неколку дена изјави дека го носел својот клиент на лекарски прегледи во Белград затоа што немал возило. Рече дека имал добра намера да му помогне на Палевски и дека не знаел оти е вмешан во двете убиства, но дека по сѐ се чувствува злоупотребено.

Прашан во врска со скопјанецот кој се сомничи дека го превезувал Палевски од Србија до Турција, а кој беше уапсен по влез во земјава и кому му е одреден 48-часовен притвор, Спасовски вели дека според она што е утврдено, и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

„Согласно сето она кое го имаме утврдено, ќе се поднесе кривична пријава и против него“,

додава министерот.

Станува збор за лице со иницијали С. Д., кое Обвинителството го сомничи за кривичното дело помагање на сторител во извршено кривично дело, а кое беше уапсено на 5 декември.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски почнал да го заобиколува Залужниј во комуникацијата со команданти

Следно

Мицотакис: Туркије и Грција треба да работат заедно за подобра иднина

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop