Спасовски: Доверената организација на Самитот на ОБСЕ претставува признание за нас

November 30, 2023
1 min read

реклама


Степенот на безбедност во Скопје, за денешниот Самит на ОБСЕ е подигнат на високо ниво, сите капацитети на МВР се ставени на располагање и со тоа се ќе помине во најдобар можен ред. Mинистерскиот совет на ОБСЕ е голем и комплексен настан, а доверената организација претставува признание за Република Северна Македонија, за сѐ што е сработено во изминатата година за време на претседавањето на Скопје со неа, заради што и бара голем ангажман и посветеност.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Kosovo-online.com.  

реклама

– Македонија на најдобар можен начин пристапи кон решавањето на споровите со Грција и Бугарија, постигнавме договор за признавање на Македонската православна црква. Сето тоа покажува дека постои високо ниво на кредибилитет, висок степен на демократски вредности кои се присутни во Северна Македонија и Самитот на ОБСЕ претставува дополнително признание за нас. Македонија за време на овие 12 месеци, но и откако постои како независната држава, покажа дека преку дијалог можат да се постигнат резултати, потенцира министерот Спасовски.

Тој очекува настанот да помине во најдобар можен ред.

реклама

– Верувам дека сите очекувања кои се изнесени пред нас ќе бидат исполнети и на крај ќе имаме заклучок кој уште еднаш ќе ја покаже моќта на Северна Македонија. Во тоа лежи вредноста на организацијата – да се помогне и придонесе кон стабилност и соработка помеѓу државите, да се спречат одредени конфликти, да се помогне во нивно решавање и во постконфликтни ситуации. Сведоци сме на сериозни геостратешки промени, имаме војна во Европа, за која никој не може да претпостави како ќе се заврши, имаме војна во Газа. Сето тоа мора да биде проследено со една силна порака за мир од овој настан, истакна министерот Спасовски.

На прашањето кои мерки се преземени во обезбедувањето на учесниците на настанот Спасовски објасни дека безбедноста е подигната на трето ниво.

реклама

Спасовски објасни дека македонското МВР ги стави на располагање сите свои капацитети, вклучувајќи ја и униформираната полиција, Одделот за заштита на определени лица и објекти, Одделот за специјални полициски операции, Одделот за воздухопловни единици, тим на СВР Скопје, на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал…

– Широк е спектарот на полициски службеници кои се задолжени за безбедноста на учесниците, но најважно е сѐ да помине на најдобар можен начин, да се зачува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија“, истакна меѓу другото министерот Спасовски во интервјуто дадено за Kosovo-online.com. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Заменик-министерот за надворешни работи на Туркије, Акчапар, говореше на седницата на 30. Министерски совет на ОБСЕ

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Предизборен пакет за мито – Тренчевска: Ова се мерки поради енергетската и ценовната криза

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop