Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна

October 21, 2023
1 min read

реклама


 Безбедносната состојба е стабилна, сѐ што правиме како МВР и како членка на НАТО позитивно влијае врз безбедноста во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во интервју за „Гласот на Америка”, Спасовски нагласува дека безбедносни служби и агенции во земјава преземаат за превенирање какво било нарушување на безбедноста. 

реклама

-Факт е дека глобалните геополитички случувања, пред сѐ, руската агресија врз Украина, еве сега случувањата во Израел помеѓу Израел и Палестина, меѓутоа и конфликтите, тензиите кои се на северот на Косово, имаат сериозно влијание врз состојбите, претежно во областа на безбедноста. Токму заради тоа, не само МВР, туку генерално и сите безбедносни служби и агенции во рамките на Република Северна Македонија преземаат сѐ на дневна основа за да можеме да ја одржиме состојбата безбедна и стабилна и, секако, согласно на сѐ она што може да има импликации да превенираме какво било нарушување на безбедноста. Во моментот состојбата е стабилна, безбедна, немаме некакви индиции за можно нарушување, истакнува Спасовски.

Според него, активностите што се преземаат на дневна основа, даваат резултати во насока на подобрување на безбедноста.

реклама

-Мислам дека активностите кои ги преземаме секојдневно во подобрување на безбедносната состојба, во подобрување на состојбата со криминалитетот –  падот на криминалитетот за 11 отсто на ниво на државата во споредба со минатата година истиот период, зголемување на ефикасноста во работење на полицијата – сето тоа се параметри кои покажуваат дека состојбата е на завидно безбедносно ниво. Секако дека тука мора да се цени и она што практично го правиме како земја членка на НАТО Алијансата, тоа секако влијае врз безбедноста во државата, влијае позитивно, затоа што не сме сами, имаме силен сојуз, дел сме од најголмиот воено-политички сојуз, со силни партнери со кои заедно работиме за задржување на нашата, меѓутоа и на регионалната и глобална безбедност, нагласува министерот во интервјуто. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првиот конвој со помош влезе во Појасот Газа преку преминот Рафах

Следно

Дали Славјанка Петровска барем ќе се извини што кажуваше лажни инсинуации во јавноста за т.н. случај „Делчевски ниви“ за да го „оцрни“ Мицкоски?

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop