Спасовски: Апелирам за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето раѓањето на Гоце Делчев, нема да дозволиме понижување на македонскиот народ

February 3, 2023
1 min read

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев. Вели, како министер за внатрешни работи нема да дозволи понижување на македонскиот народ.

-Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано. Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого. Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме. Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас. Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат. Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите, вели Спасовски.

Посочува дека ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат.

-Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.

Секој да овозможи чествувањето на 4 Февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.

Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата, нагласува министерот за внатрешни работи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Фон дер Лајен: Русија ќе ја плати цената за војната

Следно

ТРАГЕДИЈА ВО СЛОВЕНИЈА – автобус со странски регистарски таблички излета од патот, има и мртви! (ФОТО)

Latest from Blog

ВЛЕН го разоткрива непотизмот во ДУИ – плати и привилегии за семејствата на функционерите

Реакција на движењето ВЛЕН: Партијата прогласена за „Non Grata“ од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во институциите на државата. Со клевети се обидуваат да ги прикријат своите неуспеси за време

Карди Би ослободена од обвиненија за напад во 2018 година

Поротата едногласно ја ослободи 32-годишната музичарка откако таа ги негираше тврдењата дека физички нападнала обезбедувач во 2018 година, јави денеска телевизијата Court TV. Случајот се однесуваше на инцидент во Беверли Хилс, кога

Жестока тепачка на грчки остров: Се степаа пијани туристи, настрадаа полицајците (ВИДЕО)

Видео објавено на Фејсбук покажува жестока тепачка помеѓу пијани туристи и полицајци кои се обидоа да воспостават ред, објави Прототема. Сè започна кога две групи Италијанци влегоа во жестока расправија, а викањето
Go toTop