СОЗР утре со детали за новите таблички за службените возила, рокот за замена е до 15 септември

September 8, 2025
1 min read

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Најавено е присуство на на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, како и директори на останати државни институции.

Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули.

– Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, појаснија тогаш од СОЗР.

Беше најавено дека ќе биде отворена и телефонска линија, каде граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба на службените автомобили. Се потенцираше дека секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.

Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, што ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење.

– Со оваа одлука се исполнува уште едно клучно ветување – одговорно управување со државните ресурси и целосна отчетност кон јавноста. Државата испраќа јасна порака дека јавните ресурси се за јавна употреба, а не за лична корист. Преку воспоставување на систем за јавен увид и контрола, се поставуваат повисоки стандарди на интегритет и одговорност во работењето на сите институции, беше нагласено во соопштението од СОЗР.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити го претстави проектот што ќе го направи Чаир спортска престолнина

Следно

Најмалку 14 лица загинаа за време на протестите во Непал

Latest from Blog

Иран одговори на американскиот предлог за крај на војната

„Одговорот на Исламската Република Иран на најновиот американски предлог за прекин на војната денес беше испратен до пакистанскиот медијатор“, соопшти агенцијата. „Во оваа фаза, преговорите ќе се фокусираат, како што е планирано,

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев Актуелниот градоначалник Митко Јанчев се прости од својот претходник на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него

Димовски: Оспорувањето на МПЦ-ОА е оспорување на македонскиот народ

Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел

Мајорка и Виљареал ги поделија бодовите

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел. Перез го реализираше
Go toTop