Советот за безбедност на ОН расправаше за војната во Украина

February 25, 2023
2 mins read

ЊУЈОРК (АА) – По повод првата годишнина од почетокот на војната во Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) одржува седница под наслов „Воспоставување мир и безбедност во Украина“, а на која главно учествуваат министрите за надворешни работи на земјите членки, известува Анадолу.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето обраќање пред присутните истакна дека Повелбата на ОН не е збир на зборови на хартија, туку мисија на организацијата.

„Пред една година предупредував дека војната во Европа, што би можела да биде најстрашната војна на столетието за човештвото, не би смееле да ја започнеме. Реков тогаш, а ќе повторам и сега, мораме да му дадеме можност на мирот“, рече Гутереш.

Нагласувајќи дека нападот на Русија врз Украина е јасно кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право, Гутереш истакна дека војната предизвикала смрт и страдања.

„Животот стана пекол за украинскиот народ“, рече Гутереш.

Наведувајќи дека е постигнат напредок во контекст на Договорот за црноморскиот коридор за жито потпишан со посредство на Туркије и ОН, Гутереш рече дека околу 700 бродови на светскиот пазар транспортирале над 20 милиони тони прехранбени производи.

Тој рече дека ОН исто така вложуваат напори за отстранување на препреката за извоз на руската храна и ѓубрива.

„Од минатата година Советот за безбедност одржа повеќе од 40 седници за Украина. Во моментов зборуваме за оружје, но знаеме дека дипломатијата е единствениот пат за праведен и траен мир“, заклучи Гутереш.

На состанокот се обрати и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, кој порача дека неговата земја ќе продолжи да дава отпор.

„Путин ќе биде поразен многу порано отколку што очекува“, рече Кулеба.

Истакнувајќи дека припадниците и лидерите на руските сили еден ден ќе одговараат за своите дела, Кулеба рече дека меѓународната заедница треба да продолжи да ја поддржува Украина.

„Вистинскиот проблем на светот е Русија“, рече Кулеба.

Кулеба потоа ги повика присутните во салата на ОН со едноминутен молк да им оддадат чест на настраданите во руските напади во Украина, по што присутните станаа на нозе. Збор зеде и рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, кој рече дека сите животи се важни и повика да им се оддаде почит на сите настрадани. Во тие моменти на нозе останаа само членовите на руската делегација.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потсети дека минатата година пред почетокот на војната предупредил дека Русија подготвува војна против Украина, но Русија рекла дека тоа се неосновани тврдења.

„Само една недела подоцна, Русија ја започна својата масовна инвазија. Меѓутоа, како резултат на силната одбрана на Украина, претседателот Путин не успеа да ја постигне својата цел да ја заземе Украина и да ја припои кон Русија“, рече Блинкен.

Наведувајќи дека украинскиот народ храбро се бори за својата независност и делува единствено, Блинкен рече дека и меѓународната заедница се собрала и повеќепати ја осудила Русија.

Блинкен го обвини рускиот претседател Путин дека се обидува да ја употреби гладта како оружје во војната во Украина.

„Иницијативата за жито, што е започната благодарение на генералниот секретар Гутереш и Туркије, ја намали цената на храната во светот, со отстранување на руската бариера за украинскиот извоз“, посочи Блинкен.

Нагласувајќи дека во војната во Украина постои агресор и жртва, Блинкен истакна дека Русија се бори за освојување, а Украина ја брани својата независност.

„Оваа војна ја започна еден човек, Владимир Путин, и тој човек може да ја запре“, заклучи Блинкен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разорните земјотреси во Туркије одзедоа 44.218 животи

Следно

Полицијата за шест часа казни 141 возач во општина Бутел

Latest from Blog

Села за Таравари: Не можеме да ги следиме неговите лаги, еднаш вели вака, еднаш така

Потесното раководство на Алијанса за Албанците, крилото на Села и ДУИ се сретнаа во Тетово за да дебатираат за актуелните политички настани. Зијадин Села, вели дека двете партии размениле информации со цел

Ескализраат тензиите Индија – Пакистан

Индија го нападна Пакистан. Тензиите меѓу двете нуклеарни држави ескалираа  по неодамнешниот смртоносен напад врз индиски туристи во Кашмир. Индиските вооружени сили истрелаа десетици ракети кон  неколку локации во Пакистан и спортниот

Ескализраат тензиите Индија – Пакистан

Индија го нападна Пакистан. Тензиите меѓу двете нуклеарни држави ескалираа  по неодамнешниот смртоносен напад врз индиски туристи во Кашмир. Индиските вооружени сили истрелаа десетици ракети кон  неколку локации во Пакистан и спортниот

Проблем со субвенциониран оброк, министерката најавува брзо решение

Прекинат субвенциониран студентски оброк на 181 студент кои живеат од наследна семејна пензија од починат родител – грешката настанала кога УЈП ја пресметале социјалната помош во месечните примања на студентите, по што
Go toTop