Советот за безбедност на Косово заседава по убиството на полицаецот

September 24, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – По убиството на полицаецот во селото Бањска во општината Звечан, во Приштина е свикан состанок на Советот за безбедност на Косово, потврди косовскиот премиер Албин Курти, пренесува Анадолу.

Советот се состана во 10 часот, по убиството на косовскиот полицаец во северниот дел на земјата и по ранувањето на друг.

Курти ова го објави по посетата на ранетиот полицаец Албан Рашит, кој е успешно опериран.

„Операцијатa на отстранување на гелер од леватa рака на полицаецот Албан Рашит успешно е изведена утрово. Гелерот е од рачна бомба која криминалците оркестрирани од Србија ја фрлија кон косовската полиција за време на терористичкиот напад кај мостот во селото Бањска кај Звечан. За време на посетата на Хируршката клиника при Клиничкиот центар, се запознав и со семејството на Албан, која пристигна од Велекинце, Гнилане. Повредениот полицаец денес ќе биде отпуштен од болница“, рече Курти.

Курти утринава на социјалната мрежа Фејсбук објави дека е убиен припадник на регуларната полиција, а ранет е друг од граничната полиција на Косово.

„Напаѓачите се професионалци кои носеле маски и биле вооружени со тешко оружје. Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка на официјален Белград, ја напаѓа нашата земја. Во оваа борба ние ги браниме и почитуваме законите, ги штитиме своите граѓани без разлика и ја браниме независноста на Косово“, напиша Курти на Фејсбук.

Тој додаде дека извршителите и нивните налогодавачи ќе „паднат, ќе бидат приведени, процесуирани и казнети.“

Полицијата на Косово потврди дека нападот врз нејзините припадници се случил во северниот дел на земјата, во раните утрински часови.

Во полициското соопштение се наведува дека нападот почнал со поставување на два камиони без регистерски таблички на мостот пред влезот во селото Бањска, со што бил блокиран влезот.

„Полициската станица во Звечан, по добиените информации упатила три регуларни единици во правец на споменатата локација. Штом пристигнале близу местото на пријавената блокада, наишле на отпор, во кој неколку луѓе пукале од различни видови оружје“, се наведува во соопштението и се додава дека се користени и рачни бомби.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во северно Косово убиен полицаец, премиерот Курти соопшти дека напаѓачите се вооружени професионалци

Следно

Израелските сили убија двајца Палестинци за време на рацијата во окупираниот Западен брег

Latest from Blog

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

ИСТАНБУЛ (АА) – Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави

Почетокот на Европското првенство Б-дивизија започна со убедлив пораз на Јуниорките

Женската јуниорска репрезентација на Македонија со убедлив пораз го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија што од денеска се одржува во Литванија. Нашите млади кошаркарки загубија од Романија со 45-87 во меч

Палестинците во Газа ги ризикуваат животите за малку хуманитарна помош поради израелските напади

СКОПЈЕ (АА) – Израелските сили отворија оган врз цивилите што чекале хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Инцидентот се случи во областа Кан Јунис, каде што голем број

Полициски службеник призна дека сторил проневера во служба

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник
Go toTop