Советот на Европа изрази загриженост поради употребата на сила на протестите во Франција

March 24, 2023
1 min read

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска изрази загриженост поради „прекумерната употреба на сила“ против демонстрантите во Франција кои протестираат против пензиските реформи и ги повика властите да го почитуваат правото на протест.

„Се случија насилни инциденти, од кои некои беа насочени кон припадниците на безбедносните сили“, се вели во соопштението на комесарката

Сепак, спорадичните акти на насилство и прекршоци на некои демонстранти за време на протестите не можат да ја оправдаат прекумерната употреба на сила од страна на државните службеници, се додава во соопштението на Советот на Европа, чие седиште е во Стразбур, каде што исто така се одржаа протестите.

Комесарката додаде дека не може да се оправда ниту одземањето на правото на слобода на собир на луѓето и изрази загриженост за апсењето и приведувањето на одредени демонстранти и луѓе во близина на демонстрациите за дела кои „не оправдуваат прибегнување кон мерки кои се толку штетни во однос на правото на слобода и безбедност“.

„Насилството, од каде и да доаѓа, никогаш не може да се користи како средство за решавање на социјална или политичка криза“, рече таа, изразувајќи жалење што луѓе беа повредени и меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Според неа, насилството мора да престане бидејќи тоа е неопходен услов за ефективно остварување на слободата на изразување и собирање, како и за доверба меѓу населението и полицијата.

Во Франција, вчера, за време на протестите поради пензиската реформа беа повредени 441 припадник на полицијата и жандермеријата, а 457 лица беа приведени.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Баерн официјално потврди: Тухел до 2025 година ќе царува во Минхен (ФОТО)

Следно

Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop