Советниците од ДУИ обвинуваат дека Општина Тетово пушти булевар без добиена согласност од полицијата

December 20, 2023
1 min read

реклама


Советничката група на ДУИ одржа прес-конференција на која ја обвини општинската власт дека шест месеци откако булеварот „Благоја Тоска“ е пуштен во употреба, нема согласност од Секторот за внатрешни работи. Тие тврдат дека согласно сообраќајните прописи, секој пат на кој се менува режимот на сообраќајот, треба да добие дозвола од надлежните институции, а тоа во случајов е СВР Тетово.

– Општина Тетово не направила такво нешто бидејќи воопшто не се заинтересирани за безбедноста на граѓаните а булеварот е пуштен во употреба без почитување на клучните процедури. Како последица на ова, постојано се зголемува бројот на сообраќајни незгоди на оваа крстосница од патот „Б. Тоска“ и „29 Ноември“. Граѓаните секојдневно се изложени на ризик, а општина Тетово не презема ништо за регулирање на сообраќајот, поточно поставување семафори или кружни текови, истакна Шпреса Ќазими, советничка од редовите на ДУИ.

реклама

Советниците сметаат дека општината повеќе мисли на политика отколку на реални потреби на граѓаните.

– Ова раководство е подготвено да даде се од себе само за ситни политички поени, не штедејќи ја ни безбедноста на граѓаните. Уште колку несреќи треба да се случат да се направи нешто? Дали треба да умираат невини граѓани за потоа општината да се разбуди? Апелираме до градоначалникот на општина Тетово и неговиот клан, кои се претворија во урбана мафија, да го свртат фокусот кон безбедноста на граѓаните и итно да преземат мерки за регулирање на сообраќајот како што е предвидено со сообраќајните прописи. Животот на граѓаните е поважен од политиката и од куќите што ги градите, истакна Ќазими

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанскиот премиер ја повика Европа јасно да зборува за нападите во Газа за да се запре човечкото страдање

Следно

ОБЈАВЕН ТЕНДЕРОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ЉУБОЈНО ВО ЦЕНТАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ГРАДБАТА ЌЕ ПОЧНЕ ВО ЈАНУАРИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop