Советничката група на Независни за Карпош со демант: Не поднесовме ниту еден амандман на Буџетот на општина Карпош за 2024 година

January 3, 2024
1 min read

реклама


Од Советничката група на Независни за Карпош категорично го демантираат обвинувањето за незаконско и несовесно работење кон нивната советничка, Невена Георгиевска, изнесено во име на вработените на општина Карпош на денешната прес конференција.

„Бараме јавно извинување, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета.

реклама

Нашата советничка група не поднела ниту еден амандман на Буџетот на општина Карпош за 2024 година и се залагавме токму за спротивното, за надминување на проблемот помеѓу советничката група на ВМРО-ДПМНЕ (која поднесе скоро 4,000 амандмани на Буџетот, со цел за блокирање на Буџетот), градоначалникот и општинската администрација, само и само да може општината непречено да функционира, да се исплатат платите во целост на сите вработени во општинската администрација, училиштата и градинките, и да не се загрозат договорите на сите привремено вработени.  
Секое решение од оваа немила ситуација, согласно законите и прописите, го поддржуваме, како и до сега“, велат од таму.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

59-годишен маж од скопско претепан од сопругата, употребила и тврд предмет

Следно

Георгиев си поднесе оставка, а Дамева повторно седна во претседателското столче на Судскиот совет

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како
Go toTop