Состојбата на ранетите во трагедијата на Врачар е подобра, вели директорот на Клиничкиот центар на Србија 

May 3, 2023
2 mins read

Од четворица оперирани пациенти, како што изјави Ашанин, кај тројца операцијата е завршена и се на интензивна нега. Кај четвртиот пациент, според директорот на Клиниката освен, оперативниот зафат била побарана дополнителна дијагностика, бидејќи, како што кажа, бил примен во многу лоша состојба со комплексни повреди на градниот кош, вратот и `рбетниот столб. Еден пациентите, односно ученичка, како што изјави Ашанин, имала прострелна рана на главата била оперирана од неврохирург на Клиничкиот центар на Србија

Здравствената состојба на учениците и наставничката кои беа ранети во трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар е подобра, по извршените оперативни зафати, изјави денеска директорот на Клиничкиот центар на Србија, Милика Ашанин. 

Директорот на Клиничкиот центар на Србија, Милика Ашанин/Фото: Принтскрин

Трагедијата во основното училиште се случи утрово кога ученикот од 7 одделение К.К. (13) со пиштол уби осум ученици, како и вработен во обезбедувањето, а тешко рани повеќемина ученици и наставничка.  

Од четворица оперирани пациенти, како што изјави Ашанин, кај тројца операцијата е завршена и се на интензивна нега. Кај четвртиот пациент, според директорот на Клиниката освен, оперативниот зафат била побарана дополнителна дијагностика, бидејќи, како што кажа, бил примен во многу лоша состојба со комплексни повреди на градниот кош, вратот и рбетниот столб.  

„Сега веќе можам да кажам дека ситуацијата е многу подобра и тоа не охрабрува. Од четворица оперирани пациенти, кај тројца од нив операцијата е завршена и тие во моментов се наоѓаат во единицата за интензивна нега. Двајца ученици се целосно пробудени, екстубирани, а наставничката полека се буди и во овој момент се целосно стабилни. Што се однесува до четвртиот пациент, тоа е ученик кој при самиот прием беше во доста лоша општа состојба. Станува збор за комплексни повреди, прострелни повреди на градниот кош, вратот и рбетниот столб така што освен оперативнито зафат побарана е и дополнителна дијагностика која се спроведува во моментот. Ќе видиме, и овде се надевам на поволен исход“,

изјави Ашанин, пренесува Н1. 

Прашан дали примените пациенти се во животозагрозувачка состојба, тој пред невинарите кажа:  

„Во овој момент тројцата пациенти кои се на интензивна нега се сосема добро, но немојте да не присилувате да зборуваме во најраниот постоперативен тек за некакви прогнози, но се надевам дека излегоа од непосредна витална загрозеност“ 

Еден пациентите, односно ученичка, како што изјави Ашанин, имала прострелна рана на главата.  

„Таа е оперирана од страна на неврохирург на Клиничкиот центар на Србија. Тие направија се што можеа  и ќе видиме“,

вели директорот на Клиничкиот центар на Србија.  

Осомничениот К.К., како што соопштија од полицијата, утрово влегол во објектот на училиштето и прво почнал да пука кон човекот од обезбедувањето, а потоа се упатил во училница во која знаел дека се наоѓа наставничката по историја и почнал да пука кон неа и кон учениците. 

Во несреќата починаа осум ученици, од кои пет се родени во 2009, едно во 2010, а едно 2011 година. 

На вонредна прес-конференција началникот на белградската полиција соопшти дека нападот бил однапред испланиран, а дека во домот на  осомниченото момче биле пронајдени список на лица и скица од училиштето. Откако пукал, малолетникот самиот се пријавил во полиција. 

Според Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривично-правна заштита на малолетни лица, К.К., нема кривична одговорност бидејќи не наполнил 14 години, пренесува Н1 ТВ.

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јубилејно 35. издание на Саемот на книга: Богата програма од 4-10 мај

Следно

Алардајс нов тренер на Лидс

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop