Состојбата на Блискиот исток ексалира

September 24, 2024
1 min read

Бројот на загинати во израелските воздушни напади во Либан се зголеми на над 500 лица, а илјадници се ранети. Либански извори соопштија дека 35 деца и 58 жени биле убиени откако Израел го почна својот најсмртоносен бран воздушни напади врз Хезболах.

„Нападите, фокусирани на јужен и источен Либан, почнаа вчера и во нив беа погодени 1.300 цели на Хезболах.“ – Јоав Галант министер за одбрана на Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како превентивен напад чија цел е да се елиминира оружјето на Хезболах. Израелската армија, пак, соопшти дека утрово биле истрелани повеќе од 50 проектили кон северен Израел од Либан, кои биле пресретнати. Шефот на ОН за човекови права ги повика сите оние кои имаат влијание на Блискиот Исток да спречат каква било натамошна ескалација на непријателствата меѓу Израел и Хезболах.

Високиот комесар на ОН Волкер Турк ги повикува сите држави и учесници со влијание во регионот и пошироко да спречат натамошна ескалација и да направат се што можат за да обезбедат целосно почитување на меѓународното право. Методите и средствата за војување што се користат предизвикуваат многу сериозна загриженост за тоа дали тоа е во согласност со меѓународното хуманитарно право.“ – Равина Шамдасани портпарол.

Франција побара итен состанок на Советот за безбедност за да се разговара за ситуацијата во Либан, каде што се интензивираат судирите со Израел.

„Во овој момент мислам на либанскиот народ, откако израелските напади однесоа стотици цивилни жртви, вклучително и десетици деца. Овие удари на двете страни на сината линија и пошироко во регионот мора веднаш да престанат.“ – Жан Ноел Баро министер за надворешни работи на Франција.

Либан ги осуди интензивните израелски напади, тврдејќи дека нивна цел била да ги уништат либанските села и градови. Поради ескалацијата на тензиите, САД испраќаат дополнителни воени сили на Блискиот Исток.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Следно

Меџити: Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во компјутери од дома и од училиште.

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop