Составот на Анкетната комисија за случајот Онкологија на комисиска расправа

September 29, 2023
1 min read

реклама

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија.

Утврдување предлог-одлука за избор на претседател, членови и нивни заменици на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, е единствената точка по која ќе дискутираат членовите на Комисијата за изборите и именувањата.

реклама

Одговорност за случајот со онкологија ќе има и одговорните за евентуална злоупотреба ќе бидат изнесени во јавноста со име и презиме, истакна вчера заменик министерката за здравство Маја Манолева одговарајќи на прашање на пратеникот Петар Ристески ВМРО – ДПМНЕ.

Заменик министерката Манолева кажа дека постапката со случајот на онкологија не е завршена и согласно тоа неможе да се даваат квалификации дека никој за ова нема да одговара.

реклама

– Во секојдневмата комуникација и Министерството за здравство и Клиниката за онкологија соодветно соработуваат и ги доставуваат сите потребни податоци на Министерството за внатрешни работи и на Јавното обвинителство, кои се побарани од нас. Апелираме до овие институции случајот што побрзо да го разрешат за да немаме вакви несоодветни квалификации. Ова ќе биде во интерес пред се на нашите пациенти, бидејќи би сакала да апелирам и да кажам дека не треба да се изнесуваат неточни наводи дека во моментот се искористуваат починати пациенти за злоупотреба на лекот, истакна Манолева.

На дневниот ред на Законодавно – правната комисија се Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, по скратена постапка. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со умерена облачност

Следно

До кога владата ќе го крие документот, со кој Артан Груби ја направи Македонија коцкарска филијала на бугарското подземје?

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop