Сопствениците на Ливерпул донесоа одлука за судбината на Арне Слот!

November 2, 2025
1 min read
фото: Liverpool FC (Facebook)

Пред мечот со Астон Вила, Ливерпул имаше шест порази во седум одиграни натпревари и во сите натпреварувања. Последниот беше во Карабао Купот и тоа дома, а пред неколку дена на Енфилд, Кристал Палас славеше со победа од 3:0.

Арсенал вчера оствари уште една победа и пред почетокот на натпреварот на Енфилд, „Топџиите“ имаа предност од десет бода. Сепак, Ливерпул оствари победа од 2:0, и ја намали таа разлика на седум бода.

Оваа победа на тој начин, барем за кратко време, донесе олеснување за сите на Енфилд, а особено за Слот и играчите на Ливерпул.

Следната недела, Ливерпул ќе го пречека Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа ќе игра на гостински терен на „Етихад“ каде што ќе игра против Манчестер Сити.

Сега работите се многу појасни кога станува збор за судбината на Арне Слот на клупата на Ливерпул.

„Во Ливерпул веруваат во Арне Слот. Внатрешно, сите во Ливерпул имаат доверба во него и мислат дека тој е најдобрата личност да ја поправи ситуацијата. Новата сезона ја започнаа лошо, но тоа не е крај на светот. Има време да се поправи сè, да се врати на вистинскиот пат.

Сите се убедени дека Слот е вистинската личност што може да го направи тоа. Тоа е фокусот за нив. Ливерпул работи многу напорно за да ги промени работите.

Сопственици, директори, менаџмент, фудбалери, сите имаат одличен однос со Арне Слот. Тие се убедени дека тој е вистинската личност за оваа работа.

Во моментов, никој не зборува за замени за Слот, ниту кој би можел да го замени, бидејќи сите веруваат дека тој ќе остане на клупата на тимот од Енфилд долго време“, тврди Романо.

По победата, Ливерпул сега е трет на табелата, веднаш зад Арсенал и Борнмут.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Напад во Англија, девет лица се борат за живот – жртвите бегале со воз

Следно

ФЕРОИНВЕСТ СО НОВА ДОНАЦИЈА: Современ мебел од „Брако“ за Клиниката за торакална хирургија

Latest from Blog

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – едукација за роботско производство и индустриски технологии

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО. Станува збор за девет ученици од образовните профили

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок
Go toTop