Сообраќајката на обиколницата во која загина жена, под истрага на Обвинителството

January 2, 2025
1 min read

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на настанот што се случил на скопската обиколница и во кое починато женско лице.

– Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности, посочуваат од ЈОРСМ. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел уби уште 11 Палестинци во воздушен напад врз шатори во јужна Газа

Следно

Еден загинат во експлозија на „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“ пред хотелот на Трамп во Лас Вегас

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop