Сообраќајќа под наплатната рампа кај Градско

April 25, 2024
1 min read

На стариот реконструиран пат Градско-Велес на стотина метри под наплатната рампа кај Градско, синоќа во 22 часот се случи сообраќајна незгода меѓу две возила во која има четворица полесно повредени, подврдија за МИА од полициската екипа на СВР Велес кои направи увид на местото на настанот.

Поради сообраќајката и увидот, беше сопрен сообраќајот по стариот пат Велес-Градско, а на местото на настанот веднаш пристигна и екипа на брза помош од Велес која им укажа итна помош на повредените.

Како што информира за МИА, д-р Надица Мицева од Службата за брза помош од Велес, тие веднаш им укажела помош на повредените кои се однесени во Ургентниот центар на велешката Општа болница. Со полесни повреди се здобиле трочленото семејство во едното возило – млад брачен пар со едно 21 месечно дете. Во другото возило возачот имал лесни повреди во пределот на главата.

Марина Андова од ЈЗУ Општа болница Велес, изјави дека сите четворица повредени околу у 23 часот биле донесени во велешката болница и дежурен хирург им направил преглед и констатирал полесни повреди, по што сите биле пуштени на домашно лекување.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Посна штрудла со мак и вишни, одличен десерт за велигденските пости

Следно

Судот на БИХ одреди притвор за 3 лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога во Европа

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop