СОНК: МОН да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите

April 19, 2024
1 min read

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, бара од министерот Јетон Шаќири веднаш да го повлече дописот испратен до училиштата во кое пишува дека деновите на изборите, 24 април и 8 мај, треба да се одработат.

„Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата со кое се задолжуваат да ги одработат ‘неработните’ денови, прогласени од Владата заради одржување на претстојните избори! Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година“, пишува Неделков во објавата на Фејсбук.

Владата ги прогласи за неработни за сите граѓани деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај, поради непречено одржување на изборниот процес. Тие денови, како што соопштија оттаму, нема да се одработуваа.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Следно

Сирија соопшти дека израелски ракети погодиле локации на противвоздушната одбрана

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop