Сончево со мала до умерена локална облачност, во наредните денови стабилно време

November 2, 2024
1 min read

Времето утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела.

Како што соопштува УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад- МНР во контакт со српските власти

Следно

Владата договара нов кредит држава со држава за Коридорот 10 – Мицкоски: Не е Кина, Русија, ниту Унгарија

Latest from Blog

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако
Go toTop