Солун: Обединета македонска дијаспора организира форум за човекови права

October 19, 2024
1 min read

Обединета македонска дијаспора (ОМД) во партнерство со НПО Крсте Мисирков, денеска го организира вториот Форум за човекови права во Солун.

ОМД соопшти дека фокусот на форумот ќе биде на иднината на правата на малцинствата, бенефитите (економски, туристички, културни итн) на Република Грција, имајќи мултиетничко општество, како и колку едукацијата е клучна во креирањето на сплотување во самата држава, а сето тоа поткрепено со примери од минатото кои ќе служат како поука за иднина.

Овој форум останува клучна платформа за зацврстување на позициите на малцинствата и застапување за човековите права во Грција.

Говорници на форумот ќе бидат реномирани професори од држави членки на ЕУ, претставници на европски организации, како и претставници на малцински групи од повеќе држави, наведуваат од ОМД.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Формула 1 го укинува правилото кое беше уведено од 2019 година

Следно

Трипуновски: Мојата обврска е да ја заштитам категоријата земјоделец, а и да се намали увозот на храна

Latest from Blog

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,
Go toTop