Сок од бозел: Најубаво освежување за топлите летни денови

April 12, 2024
1 min read

Дознајте како да направите сок од бозел, кој на многумина им е омилен пијалок бидејќи има специфичен примамлив вкус.

Ова е мерка од околу четири литри сируп од бозел. Ако сакате повеќе или помалку, прилагодете ги мерењата на вашите потреби. Тоа значи дека за 10 цветови ќе користите литар вода, килограм шеќер и еден лимон, односно за 100 цветови ќе ви требаат 10 литри вода, 10 килограми шеќер и 10 лимони, по можност непрскани.

Ќе ви требаат и поголеми чинии, како и чисти подготвени стаклени шишиња со затворачи за складирање.

Состојки:

– 30 цветови од бозел
– 3 литри вода
– 3 лимони
– 3 кг шеќер

Подготовка:

Потопете ги цвеќињата во вода со лимонска киселина и исечен лимон со кора. Добро измешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.

Вториот ден се цеди, па се додава шеќерот и убаво се меша. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање.

По 48 часа, сирупот е подготвен за истурање и чување во стаклени шишиња. На овој начин можете да го чувате до една година на ладно и темно место.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОЛЕГАТА НА ДРАГАНА МИРКОВИЌ И ЗАБИ НОЖ ВО ГРБ: Овој пејач се пофали како ужива со поранешниот на пејачката – позираат во Виена со запалени пури (ФОТО)

Следно

СЕ СОМНЕВА ДЕКА СЕ СКАРАЛЕ И ГО ПОМЕСТУВАЛЕ ТЕЛОТО: Браќата осомничени во случајот Данка ја криеле локацијата еден од друг

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop