Софија Вергара откри зошто се разведе од Џо Манганиело

January 24, 2024
1 min read

Актерката Софија Вергара откри зошто таа и Џо Манганиело решиле да се разведат.

Поранешната најплатена телевизиска актерка, Софија Вергара, потврди дека желбата на Џо Манганиело да има деца довела до нивен развод.

„Мојот брак се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад; тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка“, изјави неодамна 51-годишната актерка за „Ел Паис“.

Таа потоа рече дека смета дека нема да биде фер кон бебето.

Ѕвездата на серијата Modern Family изјави дека иако ги почитува оние кои сакаат да имаат деца подоцна во животот, тој пат едноставно „не е за неа“.

„Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка“, објасни таа.

„Речиси сум во менопауза, тоа е природен редослед на нештата“, рече таа и додаде: „Кога син ми ќе стане татко, нека ми го донесе бебето некое време, а потоа ќе му го вратам и продолжам со мојот живот, тоа е она што треба да го направам“.

Пред три месеци Пејџ Сикс откри дека Софија и Манганиело (47) се разделуваат по седум години брак.

„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека сме во оваа нова фаза од нашиот живот“, се вели во заедничката изјава на парот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малолетници згрижени во јавни установи од Скопје пријавени за исчезнати

Следно

Кој град има најголем сообраќаен метеж?

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop