Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му, соопштија од ДНК

February 29, 2024
1 min read

Групата ДНК соопшти дека се собрани 80.000 евра за лекувањето на Леонид Индов.

Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам“, соопшти групата ДНК на „Фејсбук“.

Како што велат, се уште не е позната донираната сума преку телефонски повици.

Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија. Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно. Во име на Лео и неговата фамилија, Фала ви од срце, стои во објавата на групата.

Музичарите Панчо и Андреј претходно објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација статуетката што ја добија на доделувањето на наградите на „Златна бубамара“.

Статуетката заврши кај Митрески Кирче од Охрид, кој ја дал најголемата понуда во износ од 250.000 денари.

И Владата и Министерството за здравство изјавија дека ќе помогнат да се покријат трошоците за лекување на младиот Леонид во Виена. Тоа го вети министерот за здравство Илир Демири, но кажа дека во предизборен период и во време на техничка влада системско решение не може да се најде.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судот во Белград ги прогласи за оштетени родителите на убиените деца во ланскиот масакр

Следно

НАТО алијанса за хумор и сатира

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop