Собранието не даде „зелено светло“ законот за амнестија на Лога да оди по скратена постапка – „против“ гласаа 66 пратеници

November 2, 2023
2 mins read

Инаку, законот за амнестија, кој го предложи Лога и за кој се чекаше неговото враќање од службено патување во САД за да може лично да го брани законот пред пратениците, беше една од темите кои изминатиов период беа во фокусот на јавноста

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно неколкупати најави дека ќе го блокира носењето на предложениот закон со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и владејачкиот СДСМ доколку со законското решение се опфатени и осуденици од случајот „Монструм“

Мнозинството пратеници во Собранието денеска не дaдоа зелено светло за предлогот на Владата за донесување на законот за амнестија по скратена постапка, кој пред пратениците го елаборираше министерот за правда Кренар Лога.

Исходот од гласањето за потребата од донесување на законот за амнестија / Фото: Принтскрин

„Против“ потребата од донесување на законот по скратена постапка гласаа 66 пратеници, 15 беа „за“, а тројца гласаа „воздржано“.  

„Констатирам дека предлогот на Владата не е усвоен“,

рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, по гласањето.

Министерот за правда Кренар Лога, во елаборацијата на законот за амнестија истакна дека основната цел поради која се предлага тој да биде донесен е алармантната состојба во затворите, како во однос на условите, така и поради големиот број затвореници.

„Овие препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции кои ги напоменуваат овие фактори во своите извештаи и ова е основната причина поради која инициравме поднесување на закон за амнестија којшто ќе ги растовари затворите од голем број на осудени лица“,

рече Лога, напоменувајќи дека социјалните причини се многу важен елемент поради кој треба да се донесе законот за амнестија.

Тој во неговото експозе за законот, во неколку наврати напомена дека решението што се предлага е идентично со Законот за амнестија донесен во 2018 година, кога имало консензус од сите партии. Во овој контекст го спомена и законот со кој од потенцијална затворска беа амнестирани лицата осудени за кршење на протоколите за време на ковид-пандемијата.

„Во 2018 година се донесе Закон за амнестија со кој се ослободија луѓето кои беа осудени на затворски казни до шест месеци. Целта беа нехуманите услови и ресоцијализацијата на осудените лица. Овој закон за амнестија е идентичен со законот за кој се говори денеска. Во 2023 беше донесен законот за амнестија којшто се однесуваше на протоколите за ковид-19. Поголемиот број на луѓе на кои се однесуваше оваа амнестија беа социјални случаи“,

посочи министерот за правда, правејќи хронологија на сите амнестии донесени во државата од нејзиното осамостојување до денес.

Министерот за правда во образложение на законот пред пратениците во Собранието / Фото: Принтскрин

На крајот од своето кратко образложение министерот за правда ги нареди кривичните дела за кои не е предвидена амнестија со предложеното законско решение кое не ја доби поддршката од мнозинството пратеници.

Министерот за правда, како што веќе објавивме пред почетокот на 129. седница на која законот за амнестија беше прва точка, на пратениците им подели албуми со фотографии од затворот „Идризово“ на кои се гледа лошата состојба во која се наоѓа казнено-поправната установа.

Инаку, законот за амнестија, кој го предложи Лога и за кој се чекаше неговото враќање од службено патување во САД за да може лично да го брани законот пред пратениците, беше една од темите кои изминатиов период беа во фокусот на јавноста.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно неколкупати најави дека ќе го блокира носењето на предложениот закон со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и владејачкиот СДСМ доколку со законското решение се опфатени и осуденици од случајот „Монструм“.

Инаку, со предлог-законот за амнестија се предвидуваше целосно ослободување на лицата осудени на затворски казни до шест месеци, а осудениците кои со правосилна пресуда се осудени на казна затвор поголема од шест месеци, се предлагаше да се ослободат од издржување на 30 отсто од целокупната казна. Исклучок од амнестијата имаше за тешките кривични дела.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На католичката црква ѝ фалат колешки

Следно

Куртулмуш во Сараево: Одговорните за злосторствата во Газа ќе одговараат пред меѓународните судови

Latest from Blog

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија
Go toTop