Собранието на Косово и во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

May 13, 2025
1 min read

Пратениците во Собранието на Косово ниту денеска за време на 15-тото продолжение на конститутивната седница, не успеаја да го изберат претседателот и потпретседателите на Законодавниот дом. 

Претседавачот со конститутивната седница, Авни Дехари повторно го стави предлогот за формирање на изборната комисија на гласање, но предлогот не го доби потребниот број гласови. 

За формирање на Комисијата гласаа 56 од вкупно 120 пратеници, додека еден беше против. 

Како што беше претходно објавено, пратениците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и Алијансата за иднината на Косово – Иницијатива не гласаа за формирање на комисија за тајно гласање за избор на претседател. 

Продолжението на конститутивната седница е најавено за 15 мај. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

Следно

Чист воздух по календар – Скопската пролет не е решение!

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop