Собранието ќе одржи продолженија на три седници

July 24, 2025
1 min read

Собранието денеска ќе одржи продолженија на три седници.

На дневен ред на продолжението на 60-та седница меѓу останатите точки е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување на Законот за стоковите резерви, по скратена постапка.

На оваа седница е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.

Пред пратениците на продолжението на 62-та седница е Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество вo меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

На дневен ред на оваа седница е и Предлог на закон за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка, додека на 63-та седница е  Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност

Следно

Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop