Собранието ќе ја одржи 9. седница

July 5, 2024
1 min read

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 9. седница на чиј дневен ред се предлог-одлуки за формирање собраниски делегации во повеќе меѓународни организации и годишни изврештаи за работата на неколку македонски институции. 

На седницата треба да се расправа по Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), како и на Делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ).

Пратениците треба да ги разгледаат предлог одлуките за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), како и за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот).

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), Предлог на одлука за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и Предлог на одлука за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

На седницата ќе се расправа и по годишните извештаи за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година, за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2023 година, за работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија во 2023 година, за работа на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, како и за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година.

Според најавата, пратениците ќе ги разгледаат и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2023 година и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Исеини за „24 Анализа“: Независно судство е научна фантастика, не само во нашата држава туку и на Балканот

Следно

Денес стартува четвртфиналната програма на ЕП во Германија

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на
Go toTop