Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити

January 10, 2025
2 mins read

Собранието вечерва со три гласа „за“ и 64 против ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити што ја поднесе коалицијата „Европски фронт“.

Интерпелацијата ја образложи Блерим Беџети, истакнувајќи дека „Европски фронт“ од првиот вицепремиер и министер бара политичка одговорност и оставка поради неговата неспособност да управува со ситуации кои придонеле за влошување на меѓуетничките односи. Беџети како причини за интерпелацијата ги наведе случајот од 28 ноември со палењето на државното знаме, Балансерот, одлуките на Владата за бришење на дијаспората и Законот за јазиците.

Меџити оцени дека интерпелацијата не е поврзана со него, ниту со албанскиот јазик, Балансерот или правичната застапеност, туку со желбата на ДУИ да се врати на власт. Тој и порача на партијата да се реформира и да престане со „агресивноста, ароганцијата и подигнувањето на меѓуетничките тензии кои ги практикува изминатите шест месеци, откако е во опозиција“.

Во текот на расправата, пратеникот Љупчо Пренџов кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ нема да ја поддржат интерпелацијата, и порача на ДУИ да не „продава“ лажен патриотизам, туку да делува како конструктивна опозиција, да се приклучи кон промените за добро на сите граѓани и да ги прифати владините мерки за подобар стандард и подобар живот во државата.

Според Халил Снопче од Вреди, интерпелациите што ги поднесува „Европски фронт“, вклучувајќи ја и оваа за Меџити, се обид на ДУИ да не понесе одговорност за изминатите 20 години кога беше на власт.

– Ова е обид на ДУИ да ги измами граѓаните. По две децении власт со непотизам, корупција и криминал, ДУИ нема срам вината да ја префрли на друг. Остави уништена држава, а оваа интерпелација не е ништо друго, освен обид да се сокријат нивните обиди за непонесување одговорност, истакна Снопче.

Рина Ајдари од коалицијата „Европски фронт“ рече дека со интерпелацијата бараат одговорност за работата на Меџити зашто тој не ги менаџирал како што треба „тензичните меѓуетнички ситуации“. На тоа реплицираше Меџити кој обвини дека ДУИ се мешале во судството и станале „од партија на војната, партија во служба на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мијалков“.

И Арбана Пашоли од „Европски фронт“ изнесе низа обвинувања кон Меџити.

– Не вративте во времето на поделби, покажавте неспособност да бидете еднаков при донесувањето одлуки во оваа моноетничка Влада. Како ќе гарантирате еднаков третман за Албанците во земјава? Дали сте свесни за штетата што им ја нанесовте на албанските граѓани неможејќи да обезбедите безбедност и социјална стабилност? Многу прашалници има за вашиот ангажман. Бараме одговорност за вашата работа поради вашата неспособност да управувате со ситуации кои придонесоа за влошување на меѓуетничките односи, рече Пашоли.

Весна Бендевска нагласи дека Движењето ЗНАМ не ја поддржува интерпелацијата на Меџити зашто е неоснована, непоткрепена, тенденциозна и малициозна. Бендевска порача и дека во македонското општество мора да се случи „дедуизација“, а тоа, напомена, не значи албанофобија или антиалбанство, туку ослободување на сите граѓани, особено на оние со албанско етничко потекло, од стегите на криминалот и корупцијата на ДУИ.

– Интерпелациите што ги поднесе „Европски фронт“ се обид на ДУИ да остане во фокус, да остане факторизирана. Срочени се со „копи – пејст“, сите се исти и немаат допирна точка со реалните овластувања на замениците министри. Стабилните меѓуетнички односи се клучот за преживување на нашата држава и се разбира, не се откажуваме од евроинтеграциите, потенцира Бендевска и ја повика Вреди да се приклучи кон процесот на „дедуизација“.

И Левица кажа дека нема да ја поддржи интерпелацијата Меџити.

Прад пратениците се уште три интерпелации, за работата на вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени, сите поднесени од коалицијата „Европски фронт“.

Собранието ја почна 29. седница со интерпелација за Илире Даути, која беше поддржана со 61 глас „за“. Интерпелацијата беше поднесена од пратеничката група на Левица.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Само 3 пратеници гласаа „за“ – не помина интерпелацијата за Меџити

Следно

Нетанјаху треба да биде приведен ако ја посети Полска, вели известувачката на ОН, Албанезе

Latest from Blog

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме чекор напред во градењето на темелите на промените!

Премиерот Христијан Мицкоски кој во Клубот на пратеници присуствуваше на отчетот на Управата за финансиска полиција рече дека кога ја презеле одговорноста за управување со државата, знаеле дека ќе мораат да се

ПО 37 ГОДИНИ, ЛЕГЕНДАРНАТА АНА ВИНТУР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ГЛАВНА УРЕДНИЧКА НА „ВОГ“

По 37 години на чело на американското издание на „Вог“, главната уредничка Ана Винтур се повлекува од функцијата. Според изворите, 75-годишната Винтур ја соопштила веста на состанок со вработените на 25 јуни

Маричиќ: Ако не влеземе во ЕУ до 2030, ќе ни бараат други модели кои ќе важат за проблематичните држави

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, предупредува дека Македонија мора да ги забрза реформите и да ја совлада пречката со уставните измени доколку сака

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на собраниска седница на 9 јули

За интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски поднесена на 4 јуни од пратеничката група на Европски фронт ќе се расправа во рамки на 59. собраниска седница закажана на

Низ аеродромите во Истанбул од јануари до мај поминаа речиси 50 милиони патници

ИСТАНБУЛ (АА) – Низ двата аеродроми во Истанбул поминале 49,9 милиони патници во првите пет месеци од годината, покажуваат податоците од Генералниот директорат на Државната управа за аеродроми (DHMI), јавува Анадолу. Бројот
Go toTop