Нетанјаху треба да биде приведен ако ја посети Полска, вели известувачката на ОН, Албанезе

January 10, 2025
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за приведување, треба да биде приведен доколку ја посети Полска, известува Анадолу.

Албанезе сподели објава на платформата Х во врска со дискусиите за посетата на Нетанјаху на Полска.

Потенцирајќи дека земјите членки на МКС се обврзани да ги приведат оние за кои судот донел одлука, Албанезе рече: „Полска, која ја осуди Монголија затоа што не го приведе рускиот претседател Владимир, треба да го приведе Нетанјаху доколку дојде во земјата. Селективната примена на законот ја поткопува универзалноста на меѓународната правда и мултилатерализмот.“

– Пристапот на Полска

Полскиот претседател Анджеј Дуда побара од Владата да се погрижи Нетанјаху да присуствува на настаните по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц без да се соочи со приведување за воени злосторства во Газа.

Полскиот заменик-министер за надворешни работи Владислав Бартошевски пред повикот на претседателот Дуда изјави дека доколку Нетанјаху дојде во Полска, тој ќе биде приведен во согласност со обврските на земјата кон МКС.

МКС издаде налози за приведување на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант на 21 ноември 2024 година, за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Појасот Газа.

Лицата што беа држени во концентрациониот логор Аушвиц беа ослободени од војниците на Црвената армија на 27 јануари 1945 година. Аушвиц е симбол на холокаустот, за време на кој околу 6 милиони луѓе беа убиени во концентрационите логори.

Се претпоставува дека само во логорот Аушвиц биле убиени приближно 1,1 милион луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити

Следно

Собранието вечерва ги отфрли интерпелациите за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стољковиќ

Latest from Blog

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи мораше да биде прекинат – поради тепачка (Видео)

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи, кој традиционално се игра пред секој дуел на Македонија и Шкотска, попладнево беше прекинат. Мечот на стадионот „Алумина“ беше прекинат откако полицијата мораше да интервенира
Go toTop