Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025
3 mins read

Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на денешната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени по скратена постапка, меѓу кои и на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона.

Пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување поднесување на ова законско решение по скратена постапка. 

„За прогласување на законот за просторот околу Собранието на РСМ за безбедносна зона, со што се уредува статусот, вкупната површина, границите на земјиштето, употребата, обезбедувањето, надзорот и уредувањето на имотоно правните прашња поврзани со просторот околу Собранието, прогласен за безбедносна зона имајќи во предвид дека во минатото поради атрактивноста на самиот простор имаше обиди за негово приватно уредување, односно влегување на приватен стопански субјект. Сметаме дека ова законско решение е исклучително важно со што се уредува безбедносната зона на самото Собрание“, изјави Мицески, нагласувајќи дека нема да забрани собирање и изразување на разни протести или настани на булеварот пред Собранието. 

Пратениците ја изгласаа и потребата од носење по скратена постапка и ги дадена на понатамошпо читање и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи и Предлогот на закон за изменување на Законот за работните односи.

Собранието, по утврдувањето на дневниот ред на денешната 51 седница, како прва точка ја разгледа и донесе одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.

Понатаму пратениците, без расправа ги донесоа и одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, одлуката за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал, одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието, како и одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседател и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

Собранието, исто така, ја донесе одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), 

По однос на оваа точка, пратеникот Халил Снопче побара од претседателот на Комисијата за именувања да излезе на говорница и да каже дали против него има некакви забелешки.

На тоа пратеникот Ѓорѓија Сајкоски му реплицира дека нема забелешки во неговата работа.

„Вие си го направивте вашиот избор, во Собранието има пропорционална застапеност на пратениците, вие одбравте да бидете во опозиција. Нема забелешки за твојата работа во однос на таа комисија, но вие заедно со тројца пратеници имате пропорционална застапеност само во неколку комисии да учествувате“, рече Сајкоски.

На седницата воедно беа изгласани и одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Пратениците во прво читање ги изгласаа и предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Предлог на закон за изменување на Законот за приватните агенции за вработување и го дадоа на понатамошно читање. 

Додека за Предлогот на закон за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии, Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието за безбедносна зона, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка,  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавно здравје – Прво читање, Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година, заменикот претседател на Собранието Антонио Милошоски рече дека ќе бидат разгледани кога ќе се овозможат деловнички можности за тоа.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

БДП порасна за 3% – Мицкоски: Македонија со четврти најбрз раст на економијата во Европа

Следно

Вреди го промовираше Централниот изборен штаб, Аднан Азизи избран за шеф

Latest from Blog

107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

Во периодот од 01.05.2025 до 31.05.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи за време на спроведување на сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи

Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековск. На трибината „Кочани е

Ердоган: Разговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул се „историски чекор“ за завршување на војната

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека втората рунда разговори меѓу Русија и Украина, што се одржа во понеделникот во Истанбул, претставува „историски чекор“ кон завршување на војната
Go toTop