Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

December 27, 2024
2 mins read

Собранието вечерва ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за образование на возрасните.

Поддршка од пратениците добија и неколку зкаони од областа на културата: Законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Законот за изменување на Законот за филмската дејност, Законот за изменување на Законот за издавачката дејност, Законот за изменување на Законот за музеите, Законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на споменичката целина Kрушево за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, како и Законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

На седницата беа усвоени и Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за Националната рамка на квалификации, Законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар на население, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронско управување и електронски услуги, Законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, Законот за изменување на Законот за административните такси, Законот за изменување на Законот за даночна постапка, Законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за изменување на Законот за трансформација во редовен работен однос, Законот за изменување на Законот за државната ревизија, Закон за изменување на Законот за хартии од вредност, Законот за изменување на Законот за Управата за јавни приходи, како и Законот за изменување на Царинскиот закон.

„Зелено светло“ добија и Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај ЕУ по Договор за заем за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, по скратена постапка -Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги и Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги.

Донесени беа и Законот за изменување на Законот за данок на моторни возила, Законот за изменување на Законот за вршење работи за застапување во царинските постапки, Законот за изменување на Законот за царинската управа, Законот за изменување на Законот за Развојната банка на Северна Македонија, Законот за изменување на Законот за управување со отпад, Законот за изменување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, Законот за изменување на Законот за генетски модифицирани организми, Закон за изменување на Законот за водите, Законот за изменување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за изменување на Законот за заштита на природата, Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Законот за изменување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина, Законот за изменување и дополнување на Законот за општа безбедност на производите, Законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, Законот за изменување на Законот за основање на агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите,..

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ги враќа ли ВМРО-ДПМНЕ, децата со попреченост во специјализираните установи од кои власта на СДСМ ги извади?

Следно

Сиријците продолжуваат да го слават падот на режимот

Latest from Blog

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако
Go toTop