Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

January 21, 2025
1 min read

Собранието во попладневниот дел од 31-та седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата во трето читање, откако претходно беше изгласан последниот од шесте поднесени амандмани, од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Без дискусија заврши општата расправа по Предлог законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и Предлог-законот за изменување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, двата во прво читање, со заклучок дека се прифатливи да се проследат во второ читање и во Комисијата за еднакви можности и Законодавно-правната комисија.

Собранието попладнево ги усвои Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Предлог одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, во второ читање,  Предлог-одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, во второо читање и за нивното гласање пратениците ќе бидат дополнително известени.

Дополнително ќе се гласа и за Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година со дополнување и пренамена на средства, како и за Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со дополнување и пренамена на средства.

Во однос на Финансискиот план  за МРТ за 2024 реагираше пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ укажувајќи дека се работи за веќе измината буџетска година и се прекршува закон.

-Вака донесената одлука за давање согласност за веќе измината година е прекршување на законот. Самата одлука би била спорна и доколку биде оспорена, може да предизвика дополнителни негативни последици, рече Трајчулевски.

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска ја прекина 31-та седница и продолжението го закажа за утре во 13 часот. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието го усвои Законот за заштита на децата

Следно

Ослободена Палестинка од израелски затвор: „Во затвор ја гушкав перницата, во копнеж по својата ќерка“

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop