Собранието добива „глува соба“ за доверливи разговори

October 21, 2024
1 min read

Собранието денес добива заштитена соба, односно т.н. глува соба, прва од ваков тип за заштита и за имплементирање на најстрогите меѓународни безбедносни сертификати во државата и во регионот.

Настанот ќе го отворат и воведен збор ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши и раководителот на ДЦАФ – Скопје Владо Ѓердовски.

Најавени се и обраќања на поранешниот претседател на Собранието и пратеник Талат Џафери, на швајцарската амбасадорка Вероник Улман, на претседател на Комисија за надзор над службите за безбедност и разузнавање, Собрание на Република Словенија Јанез Жакељ, на директорот ДЦАФ – Љубљана Андреј Рупник и на директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески.

Изградбата на Заштитената соба, како што посоочуваат од Собранието, е и барање на НАТО и ќе биде особено важна и непходна при отворање на поглавјата 23 и 24 во пристапните преговори со ЕУ за влез во Унијата. Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор врз безбедносните служби.

Просторијата се предвидува првенствено да биде за користење на Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и се разбира, со одобрување на Собранието.

Проектот за „глувата соба“ по НАТО стандарди за реализација на т. н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери несоодветни понуди. Последниот јавен повик беше успешен и заштитената соба почна со изградба, според информациите од ДЦАФ, во јули 2023 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Навална најави кандидатура за претседателка на Русија

Следно

Црна Гора ги забрани пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop