Соборени 10 дронови во руската област Брјанск

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Околу 10 дронови се соборени во обид за напад во руската област Брјанск, изјави претставник на руското Министерство за здравство, пренесува Анадолу.

„Според прелиминарните информации, во текот на денот регистрирани се 10 инциденти со дронови во областа Брјанск“, изјави за агенцијата РИА извор од руското Министерство за здравство.

Официјалниот претставник истакна дека некои од дроновите паднале во близина на селото Куршановичи во подрачјето на Климовски во Брјанск, од кои некои биле соборени.

Претставникот понатаму нагласи дека останатите дронови биле соборени од системите за електронско војување, и додаде: „Сите инциденти поминаа без последици.“

Вооружените сили на Украина извршија серија напади врз пограничните региони на Русија во последните месеци, особено во Брајанск и Белгород, со дронови и артилерија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Борисов: Го бараат мојот пратенички имунитет за да не се формира влада – не го давам

Следно

Лајчак: Ситуација меѓу Косово и Србија може да се реши само преку постоечкиот дијалог

Latest from Blog