Со толку пари, Хамас ќе преживее секаква инвазија на Газа

November 25, 2023
1 min read

Израелскиот премиер неодамна изјави дека Израел се бори за свој опстанок и дека инвазија на појасот Газа има за цел „да го елиминира Хамас со уништување на неговите воени и управувачки способности“.

Не баш скромна цел. Американското искуство во Авганистан во изминатите две децении покажа дека е речиси невозможно да се скрши некој чие раководство и финансии се заштитени во други земји кои нечија војска не сака или не може да ги нападне. Бидејќи раководството на Хамас живее и собира средства надвор од Газа, нејасно е како Израел планира да го уништи.

Една од најголемите иронии на овој конфликт е што Хамас за својата сила може делумно да му се заблагодари на самиот Нетанјаху. Со години, тој го поддржуваше Хамас во Газа како противтежа на палестинската управа на Западниот брег, предводена од Фатах.

Друга иронија е што иако Хамас целосно ги контролира институциите во Газа, Палестинската управа одвојува за неа лавовски дел од меѓународната помош. Само во 2021 година, префрлиле 1,7 милијарди долари во Газа, теоретски за плати и пензии на илјадници државни службеници кои останаа без работа кога Хамас ја презеде Газа во 2007-ма година.

Во суштина, палестинската управа – за која Блинкен неодамна рече дека треба да ја преземе Газа откако ќе заврши војната – издвојува 30 проценти од својот буџет за Газа. Тука има уште една цака: Израел ги собира даноците и царините на палестинската управа затоа што таа нема официјален статус на државност. Ова значи дека Израел може да ги замрзне или одземе овие пари кога сака, како што направи на почетокот на ноември.

Дополнителна помош за Газа доаѓа од богатиот со нафта Катар (каде во луксуз живеат многу високи лидери на Хамас), кој во 2021 година обезбедил 360 милиони долари за плати на владата на Хамас – со знаење и одобрение на Израел.

Обединетите нации финансираат и управуваат со училишта и болници во Газа и вработуваат многу работници, наставници и медицински персонал, трошејќи 600 милиони долари во 2020 година.

Сè ова се пари кои Хамас може да ги извлекува преку даноци, изнуда и корупција. Се проценува дека во крајна инстанца, дури 50% од тие пари завршуваат кај Хамас кој, бидејќи друг му прави и води училишта и болници, може средствата да ги наменува за свои, терористички цели.

Во Волстрит журнал имаше проценки дека Иран му обезбедува на Хамас 100 милиони долари годишно за воени активности, а дека групата генерира од 12 до 15 милиони долари месечно од шверцувана стока од Египет.

Велат, Хамас во секој момент има на располагање 700 милиони долари.

За контекст: Ал Каеда ги има изведено нападите од 11 септември со само половина милион долари. На еден помагач од Емиратите дури и му имаат вратено 26.000 долари затоа што не им требале, пишува Њу Репаблик.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Зеленски направи сеча на генерали

Следно

(ВИДЕО) „Се пробивме по еден час“ – отежнат сообраќајот на патниот правец Кичево-Стража

Latest from Blog

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги
Go toTop