Со „Тетовирање“ се отвора Фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“

October 12, 2023
1 min read

Со прикажување на култниот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (филм на 35mm лента), снимен во 1991 година, кој е во продукција на Вардар филм, вечер во 20:00 часот, во Кинотеката свечено ќе биде отворен фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“.

Програмата, се посочува, ќе биде збогатена и со други четири филмски класици од нашата богата ризница на македонската кинематографија, дела на наши реномирани режисери. Станува збор за филмовите „Среќна Нова 49“ и „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исправи се Делефина“ на Александар Ѓурчинов и „Хај фај“ на Владимир Блажевски.

Сите пет филмови ќе се прикажуваат и низ неколку центри за култура низ целата држава до крајот на годината, најавуваат од НУФЦ „Вардар Филм“-Скопје.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царинска управа: Запленети четири златни алки со вредност од 586 илјади денари

Следно

Трајанов бара итно да се усвојат измените на изборниот законик за една изборна единица

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop