СО СЛАВКО ЈАНЕВСКИ ИЗМИНАВМЕ ДОЛГ ПАТ И ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ИМАМЕ ШТО ДА МУ КАЖЕМЕ НА СВЕТОТ, РЕЧЕ АКАДЕМИК УРОШЕВИЌ, ЛАУРЕАТ НА РОМАН НА ГОДИНАТА

June 1, 2023
2 mins read

За мене посебна тежина на наградата Роман на годината ѝ ја дава фактот што, од 2017-та, зад неа стои „Фондацијата Славко Јаневски“ , поради тоа, во мојата претстава, ја чувствувам наградата како своевидно продолжување на моето дружење со Славко Јаневски, рече академик Влада Урошевиќ на свеченото доделување на признатата награда. Академик Урошевиќ е награден за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, со поднаслов „Старовремски роман“ во издание на „Арс ламина“.

Во беседата за наградата, академик Урошевиќ, еден од најценетите македонски автори, говореше за пријателството со Славко Јаневски.

„И покрај разликата во години (и разликата во припадноста на маалата – јас сум Дебармалец, а Славко беше Новомалец, неговата куќа беше на педесетина чекори од местото каде што денес се издига неговиот споменик во паркот Жена-борец), можам да речам дека многу добро се разбиравме кога се сеќававме за некогашното, предвоено Скопје, кога се навраќавме кон дамнешната лектира на детството – стриповите за Тарзан, за Флаш Гордон и за Принц Валијант, кога, разговарајќи за сликарството, се одушевуваме со делата на старите мајстори – Хиеронимус Бош и Питер Бројгел Постариот, но и со визиите на сликарите од големата епоха на надреализмот – Макс Ернст, Рене Магрит и Салвадор Дали“, кажа Урошевиќ.

Продолжи дека уживал многу пати во ловечките приказни на Славко, во неговото извонредно суптилно познавање на природата – во деталите, прецизноста со која ги наведувл латинските имиња на растенијата, во неговата речиси научничка терминологија, но, исто така и во хуморот и од фантазијата со кои умеел да ги обои раскажувањата за случките од неговите ловечки потфати.

„За новите генерации Славко Јаневски е, секако, творец на извонредни дела, кои одново се издаваат и одново се читаат, но јас, во тој однос, имам и една предност: во моето сеќавање носам спомени за него како за една особена, неповторлива личност. Фактот што зад оваа награда стои фондацијата која го носи неговото име, ми го прави ова признание уште поскапоцено“, истакна лауреатот.

Тој се постести дека бил гимназист, кога во излозите на книжарниците во главната улица на Скопје се појавиле примероците на неговиот роман „Село зад седумте јасени“ . Прв македонски роман, појавен во 1952 година, вели, беше извонредно значаен настан, со месеци беше тема во кругови многу пошироки од книжевните.

„Бевме свесни дека сме сведоци на еден неповторлив настан, на миг кој , чувствувавме, ќе остане како особено значаен датум во македонската културна – и на само културна – историја. И еве, денес, седумдесет година по објавувањето на овој прв македонски роман, можеме да констатираме дека имаме една литература во која излегување на нов роман веќе претставува сосема нормална, секојдневна појава, и во која за наградата Роман на годината годинава конкурираа, ако добро се сеќавам, триесет и пет романи. Значи дека излегувале на секои единаесет-дванаесет дена во годината по еден! Добро темпо! Такво нешто, во тоа време, не можеше ни во најсмелите соништа да се претпостави. Но, минуваа години и тоа што никој не можеше ни да го замисли, се оствари. Драго ми е што бев сведок и учесник на тоа долго патување. Изминавме еден доста долг пат, и притоа докажавме дека имаме преиспозиции да се развиваме понатаму, дека македонскиот јазик е еден јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него, и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му кажеме на светот“, рече академик Урошевиќ.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: „Сторителите на насилството во Косово мора да бидат повикани на одговорност“

Следно

Европската комисија иницира четири кривични постапки против Бугарија

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop