СО ПРЕТСТАВИ НА МАКЕДОНСКИ КОРЕОГРАФИ СЕ ОТВОРА МАЛАТА СЦЕНА ВО НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ

April 17, 2025
1 min read

Од 22 до 25 април во Националната опера и балет (НОБ) за првпат ќе се одржи манифестацијата Денови на македонски кореографи. Според уметничката раководителка на Балетот, Марија Кичевска-Шокаровска, со овој настан се одбележуваат 20 години од отворањето на Малата сцена во МОБ.

Менаџерот на Операта и Балетот, Киро Павлов рече дека после повеќегодишно нефункционирање на Малата сцена, ја отвораат за соработка не само за балетските уметници од НОБ, туку и како простор за креација на уметници од балетските академии.

Организаторка на Деновите на македонски кореографи е кореографката и балестки солист Саша Евтимова, која рече дека отсекогаш ѝ било сон во една вечер да се соберат современи македонски кореографи, а Малата сцена е платформа која дава еден креативен поход каде мож креативно да се изразат.

„Овој настан е значаен и за младите кореографи кои се развиваат и им треба простор, а нормално и на етаблираните кореографи, како Рисима Рисимкин, Искра Шукарова, Олга Панго, Игор Киров. Моите почетоци како кореограф се на Малата сцена во 2006. Само малата сцена може да биде платформа за нови, млади, креативни сили кои сакаат да се изразат или во копродукција со НОБ или независни продукции“, рече Евтимова на денешната прес-конференција.

Деновите на македонски кореографи ќе се отворат со премиерата на „Мокументари“ (Mockumentary), во кореографија на Адријана Данчевска-Ровчанин  и премиерата на „Ехо на баронот“ во кореографија на Дејан Митровски. Претставите се во продукција на Скопје танцовиот театар.

„’Мокументари’ е танцова претстава која ја истражува политичката сцена и улогата на изведувачот во таа приказна“, рече кореографката.

Музиката е на Александар Гроздановски, сценографија на Ивана Мојсовска. Настапуваат Дејан Битровски  и Данчевска-Ровчанин.

Кореографијата и концептот на „Ехо на баронот “ се на Битровски, музиката е на ХЕРЗЕЛ, костимите од Скопје танцов театар, сценографијата на Матеа Мијановиќ. Настапуваат Анастасија Данчевска, Стефани Шаршми и Нина Петрушевска.

„Ова е танцова претстава што ја истражува психолошката манипулација во современото општество преку темите на синдромот Минхаузен и неговата модерна манифестација. Изведбата прикажува како луѓето се принудени да создадат искривени верзии од себе под влијание на социјалните медиуми, дезинформациите и општествените очекувања. Користејќи танц, музика и визуелни елементи, претставата ја нагласува борбата за зачувување на автентичниот идентитет во нашата ера“, рече Битровски.

Во останатите денови ќе има и изложба на фотографии „Вечни тела“, концепт на кореографката и професорка Искра Шукарова, ќе се изведе претставата на кореографката и солистка Саша Евтимова, „Болеро“, ќе има премиера на „Д како Дездемона“ на кореографката и професорка Рисима Рисимкин. Манифестацијата ќе заврши со изведбата на „Патување“ на кореографот Џан Арслан од Турција.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во основните судови низ земјава не се пополенти 163 судиски места, а ниту еден судија не се пријавил за претседател на основните судови во Берово, Делчево и Радовиш

Следно

Бесплатна проекција на филмот TerraForma на Ecoscop во Кинотека

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop