Со кого тоа ние преговараме: За Димитров од „Комисијата“, не’ создале Белград и Москва?!

March 28, 2025
1 min read

Новата книга на Димитров е продолжение на „Република Македонија меѓу Југославија и национализмот“, објавена во 2011 година. Македонија му е омилена тема на Бугаринот.

БГНЕС пишува дека новото истражување демек фрлало светлина врз српско-југословенските планови за Македонија, и измислените од него (Димитров) причини за одбивањето на политичката елита во Скопје искрено да ѝ се приближи на Бугарија и нејзината папочна врвца со Белград и Москва.

„Зошто мораше да се напише оваа книга? Затоа што допира прашања со пулсирачко историско значење и директно влијание врз можноста за вистинска, добра и заедничка иднина меѓу двете соседни земји. Република Македонија не е во состојба да избега од југословенската орбита во која се креираше државната политика. Идеологијата на македонизмот е идеолошката оска на сите влади кои сносат одговорност за иднината на оваа држава (Република Македонија)“, изјавува Димитров, иронично истовремено ширејќи национал-шовинизам и протежирајќи ги ретроградните великобугарски идеи. Јасното прашање е – Како може да се преговара со луѓе кои ве негираат.

Граѓаните на социјалните мрежи се целосно согласни околу едно. Освен околу фактот дека по ова преговорите мора под итно да се прекинат, тие едногласно констатираат:

„ОВОЈ Е ГАРАНТ ПРЕОБРАТЕН МАКЕДОНЕЦ, ЈАНИЧАР…“

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

Следно

Алармантно загадување на Крива Река: Десеткратно зголемено присуство на штетни метали

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop