Со Измените на Законот за инспекциски надзор инспекторатите одат под капата на министерствата и ја губат самостојноста

January 30, 2025
1 min read

Инспекторатите ќе продолжат да работат како органи во состав на министерствата и нема да имаат сопствена буџетска сметка. Не ќе можат самостојно да спроведуваат постапки за јавни набавки и вработувања, ниту да одлучуваат за правата и обврските од работен однос на вработените.

Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор што денеска е пред Законодавно правната и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а треба да се донесе по скратена постапка во Собранието.

Предлог-законот е поднесен од пратениците Бојан Стојановски, Бојан Карапејовски, Зоранчо Јованчев, Јане Мицевски, Мевмед Џафери, Ријад Шакири и Халил Снопче. 

-Основни цели на Предлог-законот се усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, остварување на правата и обврските на вработените во државните инспекторати, како и нивно правилно функционирање како органи во состав на министерствата. Законот чие донесување се предлага, се заснова на истите начела на кои е заснован и основниот текст на Законот за инспекциски надзор, се наведува во предложениот текст.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа чиј главен фокус беше реорганизацијата на министерствата, се изврши интервенција на постојната законска рамка и соодветно утврдување на надлежностите на министерствата, така што се направи прераспределба на надлежностите на органите на државната управа, прегрупирање по сродни области и стратешки приоритети на државата, основање на нови органи на државна управа, кое пак неминовно доведе и до промена во бројот на министерствата и на делокругот на надлежностите на дел од постојните министерства во Владата на Република Северна Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевска: Правиме сериозни напори демографските прашања да ги ставиме меѓу врвните приоритети

Следно

По еден час пауза, продолжија пратеничките прашања во Собранието

Latest from Blog

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop