СО „ЕВОЛУЦИЈА НА РАСПАДОТ“ НА 14 ЈАНУАРИ ПОЧНУВА НЕДЕЛАТА НА НЕЗАВИСНА СЦЕНА ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР

January 9, 2025
1 min read

Неделата на независна сцена во Драмскиот театар од Скопје ќе почне на 14 јануари со претставата „Еволуција на распадот“,  работена по „Отело“ од Шекспир, во продукција на „Артема – театарска лабораторија“. Режијата е на Дамјан Димовски, а играат Илин Јовановски како Јаго, Бранко Михајлоски како Отело, Дездемона е Леонида Гулевска, Емилија е Илина Чонкова, Касио е Тодор Стојковски, Родриго е Ѓорѓе Нешковиќ. Музички соработник е Дарко Спировски.

Од Драмски театар велат дека за гостувања  ги отстапуваат сцената „Ристо Стефановски“ и Малата сцена на театарот како и потребната техника со што овозможува „изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти“. На сцените на Драмски театар од 14 до 18 јануари ќе се изведат пет претстави во продукција на пет ансамбли од независната сцена. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

На  15 јануари со претставата „Безвремени приказни“ на продукција „Независна“ ќе се претстават Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Хакан Даци и Нела Павловска. Кореографијата е на Ирена Лозинска. Станува збор за перформанс со карактер на танцов тетар што обработува теми од Франц Кафка. Доријан Миловановиќ направи видео арт за перформансот, а музички соработник и композитор на претставата е Енес Беговски.

Со претставата „Среќен мртовец“ на 16 јануари ќе се претстави продукцијата „Алтернативен Театар Отпишани – Скопје“. „Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко. Автор е Марјан Анѓеловски, режијата е на уметничката екипа, а играат Благој Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Огнен Велевски, Кирил Трајковски Максим и Јасмин Рамани.

На 17 јануари со претставата „Казабалкан“од Горан Стефановски, во режија на Дамјан Костовски ќе настапи актерската екипа Мирјана Трпковска-Костовска, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Јана Вељановска, Васко Костовски, Марина Поп Панкова, Христијан Поп-Симонов, Теоман Максут и Саша Димитриевска.  Продуцентка и сценографка е Екатерина Николовска, костимографка е Екатерина Добривојевска, а композитор е Бојан Филиповски.

Продукцијата на Театар „Златен Елец“, годинава во Драмски театар ќе настапат со претставата „Добри луѓе“ на 18 јануари. Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска. Станува збор за дуодрама работена според текст на Данкан Мекмилан, преводот е на Наташа Пеевска. Играат актерите Тијана Трајчевска и Филип Христовски. Музиката е на Ива Дамјановски.

Билетите за гостувањата на независната сцена од 14 до 18 јануари се пуштени во продажба.

„Со поддршката на независната сцена Драмски театар иницира создавање на силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници. Неделата на претстави од независната продукција е замислена како платформа за контакти на уметници кои внесуваат свежина, динамика, понекогаш и неконвенционален пристап во процесот на создавање на театарските претстави, што може да води до идни соработки, копродукции и проекти“, велат од Театарот.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на 63 основни производи, наместо да бидат намалени за 10%, биле зголемени за 397 денари

Следно

Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop