СО ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ ПРИМАДОНАТА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РИМ, ПИСАТЕЛКАТА ТРАЈАНОСКА ЌЕ ГОВОРИ ЗА 100 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ОПЕРА „ГОЦЕ“

July 2, 2025
1 min read

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката Јанинка Невчева и професорката и писателка Ивана Трајаноска која ќе има излагање по повод 100 години од првата македонска опера „Гоце“, од композиторот Кирил Македонски. Концертот е насловен „Гласот на Тишината“.

„Македонските композитори секогаш биле дел од мојот репертоар, а изминативе години посветувам многу повеќе внимание изведувајќи ги, анализирајќи ја тематиката и хармонијата. Гостувањата и концертите се дел од презентацијата на македонското творештво, она со што треба да бидеме горди во културата. Овојпат, концептот на концертот е музика и музичка презентација прикажана низ зборовите на универзитетскиот професор и писател Ивана Трајаноска, нејзино излагање по повод 100 години од првата македонска опера ‘Гоце’ од композиторот Кирил Македонски. Во музичкиот дел ќе бидат изведени дела од Томислав Зографски, Стојан Стојков, Ристо Аврамовски, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Јана Андреевска и Горан Начевски. Пијанист е Јанинка Невчева“, ни рече Ѓиновска-Илкова.

Првенката на Националната опера балет (НОБ) минатата година прослави 30-годишен јубилеј на оперската сцена. Нејзините музички почетоци се врзани за виолончелото, откако тогашната директорка на средното музичко училиште ги советувала нејзините родители да почне да го учи овој инструмент.

„Завршив виолончело во нижо музичко, но желбата за пеење ми беше многу голема. На една седенка во Галичник каде што имаме стара семејна куќа од 1906 година, ме преслуша Симеон Гугуловски. Ја пеев ‘Зајди зајди’, и тоа беше судбинска средба, затоа што подоцна, тој ме испрати кај Милка Ефтимова, која подоцна беше моја професорка и ментор“, рече оперската пејачка во подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК, „За секого по нешто“.

Концертот во Рим е проект поддржан од Министерството за култура, на покана на фестивалот Римски ноќи.

М. ЏАРОВСКА  

Можеби ќе ве интересира и ова:

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Поновите земји членки е сведочат за трансформативната моќ што ја овозможува членството во ЕУ

Следно

Приведен возач во Македонска Каменица затоа што возел под дејство на алкохол

Latest from Blog

Млад човек почина откако беше застрелан за време на полициска потера во Германија

Инцидентот се случил околу 1 часот наутро откако возило се обидело да избегне полициска проверка североисточно од Сарбрикен, град на француската граница, на околу 150 километри од Франкфурт. 22-годишникот го управувал возилото

Мицкоски за финансиите: Нема зголемување на буџетскиот дефицит, за две години од држава што коленичеше станавме фактор на стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од кризата и се во полза на граѓаните, но, можат да го намалат приливот во Буџетот, Владата

Меџити од „Чаир 2026“: Без жени во одлучувањето, нема вистински развој

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, денеска на меѓународната конференција „Чаир 2026“ испрати силна порака за улогата на жените во политиката и општеството, нагласувајќи дека без нивно активно учество, развојот на секое општество

Меџити: Време е за реална застапеност на жените во политиката

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на Меѓународната конференција „Чаири 2026“ говореше за политичкиот имиџ на албанските жени и нивната клучна улога во градењето поправедно и поразвиено општество. Во своето обраќање, Меџити
Go toTop