СО ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ ПРИМАДОНАТА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РИМ

July 2, 2025
1 min read

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката Јанинка Невчева и професорката и писателка Ивана Трајаноска која ќе има излагање по повод 100 години од раѓањето на композиторот Кирил Македонски, авторот на првата македонска опера „Гоце“. Концертот е насловен „Гласот на Тишината“.

„Македонските композитори секогаш биле дел од мојот репертоар, а изминативе години посветувам многу повеќе внимание изведувајќи ги, анализирајќи ја тематиката и хармонијата. Гостувањата и концертите се дел од презентацијата на македонското творештво, она со што треба да бидеме горди во културата. Овојпат, концептот на концертот е музика и музичка презентација прикажана низ зборовите на универзитетскиот професор и писател Ивана Трајаноска, нејзино излагање по повод 100 години од раѓањето на композиторот Кирил Македонски, авторот на првата македонска опера ‘Гоце’. Во музичкиот дел ќе бидат изведени дела од Томислав Зографски, Стојан Стојков, Ристо Аврамовски, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Јана Андреевска и Горан Начевски. Пијанист е Јанинка Невчева“, ни рече Ѓиновска-Илкова.

Првенката на Националната опера балет (НОБ) минатата година прослави 30-годишен јубилеј на оперската сцена. Нејзините музички почетоци се врзани за виолончелото, откако тогашната директорка на средното музичко училиште ги советувала нејзините родители да почне да го учи овој инструмент.

„Завршив виолончело во нижо музичко, но желбата за пеење ми беше многу голема. На една седенка во Галичник каде што имаме стара семејна куќа од 1906 година, ме преслуша Симеон Гугуловски. Ја пеев ‘Зајди зајди’, и тоа беше судбинска средба, затоа што подоцна, тој ме испрати кај Милка Ефтимова, која подоцна беше моја професорка и ментор“, рече оперската пејачка во подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК, „За секого по нешто“.

Концертот во Рим е проект поддржан од Министерството за култура, на покана на фестивалот Римски ноќи.

М. ЏАРОВСКА  

Можеби ќе ве интересира и ова:

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Очекувавме од еврокомесарката Кос да биде повнимателна во изјавите за идентитетски прашања

Следно

Силен филмски бран во македонската кинематографија: Се снимаат три долгометражни филмови поддржани од Агенцијата за филм

Latest from Blog

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Колешино, Ново Село

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во општина Ново Село. -Ве известуваме дека утре 12.12.2025

ПАДНА БУГАРСКА ВЛАДА: „Младите и старите го кренаа гласот за наша оставка“

Владата во Бугарија падна по бројните протести поради законот за буџетот. „Владата поднесе оставка. Нашата коалиција се состана и разговараше за моменталната состојба, како и за одлуките што треба да ги донесеме.

Милошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија бидејќи не постојат, има проблем со партиските мигранти кои им бегаат во други партии

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Интервју“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти,
Go toTop