Со 70 гласа „За“: Собранието усвои Национална развојна стратегија 2024-2044

October 30, 2024
1 min read

Денеска во Собранието, со 70 гласа „за“ е изгласана Националната развојна стратегија 2024-2044.

Со усвојувањето на Националната развојна стратегија за 2024-2044 од страна на Собранието на Република Северна Македонија, конечно се реализира една од долгорочното барање на СКСЗМ од 2004 година. Во подготовката на оваа стратегија учествуваа претставници од Стопанските комори, претставници на институции, академски експерти, како и претставници на невладините организации.

Како многу важен документ, оваа стратегија ќе и служи на државата, давајќи долгорочен правец на економскиот, социјалниот и политичкиот развој, кој се усогласува со визијата на членството на СКСЗМ.

Националната развојна стратегија опфаќа шест клучни области: одржлива и иновативна економија, одржлив локален и регионален развој, демографска ревитализација, социјален и културен развој, безбедно општество, зелена трансформација и владеење на правото и добро управување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МНР: Нема информации за настрадани македонски граѓани во поплавите во Шпанија

Следно

Мицкоски: Со Извештајот имаме реална слика за состојбите, граѓаните живеат тешко, ги менуваме работите, забележана е борбата против корупцијата

Latest from Blog

Џеки Чен амбасадор на EXPO 2027: Холивудски сјај наспроти секојдневието во Србија

Познаатиот актер Џеки Чен ќе биде амбасадор на специјализираната изложба EXPO 2027 во Белград, дознаваат медиумите. Точната сума за неговиот ангажман не е официјално откриена, но според достапни информации, хонорарите за вакви

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – ова се историските настани

Денес е понеделник, 8 септември. Ова се историските настани што го одбележаа овој датум. 1157 – Роден е англискиот крал Ричард I Плантагенет, Лавовското Срце (Ричард, Лавовското Срце), херој на средновековните легенди,

Почина Михаило Вукобратовиќ, режисерот на култната серија „Подобар живот“

Прославениот режисер Михаило Вукобратовиќ почина денес, 7 септември, во болницата КБЦ Земун, на одделот за неврохирургија, објавија српските медиуми. Тој бил примен во болница на 28 јуни кога падна снимајќи серија. Потоа
Go toTop