Со 100 првачиња помалку ќе започне новата учебна година во Прилеп

August 29, 2023
1 min read

За 100-тина е намален бројот на запишани првачиња во новата учебна година во 10-те основни училишта во Прилеп. Пред стартот на новата учебна година петте средни и десетте основни прилепски училишта се подготвени, ама наставнитците и учениците ќе се снаоѓаат како знаат и умеат без сите учебници.

Едно од основните училишта во центарот на градот во просек запиша по 12 деца во одделение. За шест месеци во претходната учебна година родителите отпишаа 300 ученици и заминаа од државава. Во училиштата не се изненадени и за годинава.

-Во оваа учебна година за првпат ќе зачекорат околу 700 ученици во прво одделение од предвидените околу 800 во единаесетте основни училишта, вклучувајќи го и музичкото училиште. Во прва година од средното образование, во петте средни училишта се запишуваат околу 730 ученици. Трендот на намалување на учениците продолжува и во оваа учебна година. Со воспитно образовниот процес од предвидените околу 800 ќе започнат 700 ученици. Имаме намалување од 100-тина ученици што е алармантно и нешто што се случува со години. Ситуацијата родителите да ги отпишуваат децата и да заминат во странство се случува во сите степени на образовниот процес од прво одделение до четврта година во средното образование. Тој тренд продолжува. За шест месеци од училишните клупи се отпишани околу 300 ученици што треба да не загрижи и да го вклучи алармот кај сите за да се преземе нешто, и кај институциите и кај сите нас како поединци, ни изјави Гоце Бумбароски наставник и советник за млади при прилепската локална самоуправа.

Ланската практика на скрипти и интернет-истражувања ќе се повтори во новата учебна година што долгорочно се одразува на квалитетот на школството и образованието кај младите. Наставниците се чудат кој крај да го фатат. Некаде стигнале некои учебници, но недоволно.

-Поучени од минатогодишното искуство кога недостигаа голем дел учебници, претпоставка е дека и оваа година ќе ни се случи да немаме учебници, или, можеби да добиеме материјали за работа, во еден учебник спакувани неколку учебници само за првото тримесечие, па повторно да доаѓаат ученници, пак ќе се снаоѓаме. Не знаеме како и кога ќе стигнат учебниците, ниту кои теми и содржини се опфатени во нив, а нашите годишни програми се веќе доставени до службите во училиштата. Навистина е сето неизвесно, а тоа влијае на целиот образовен процес и на општеството и треба да се запрашаме што се случува, вели Бумбароски.

Новата учебна година отвори повеќе прашања отколку што понуди одговори и за преку 10 000 основци и средношколци во Прилеп.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: Говорот на Шарл Мишел е сериозна пресвртница во политиката на ЕУ кон проширувањето

Следно

Пакистанскиот суд ја суспендира казната на поранешниот премиер Имран Кан

Latest from Blog

Вештакот Марковски: Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во дискотеката „Пулс“

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски

Берзански извештај: Индексот МБИ10 ослабе, промет од над 37 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 13.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.152,62 поени. Во

Официјално: Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска!

ФОТО:Hrvatski nogometni savez (HNS) Најавите и официјално се остварија, сега е веќе дефинитивно. Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) официјално објави дека Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска. По неуспешниот настап на „Коцкестите“

(Видео) ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН, ЕВАКУАЦИЈА ВО ТЕК: Огнен фронт се заканува да ги збрише селата околу Париз!

Големиот шумски пожар кој во вчера попладне избувна во познатата шума Фонтенбло, на околу 60 километри југоисточно од Париз, и понатаму се шири, а француските власти мобилизираа стотици противпожарни сили, авиони и

Ќе се реконструира Домот на АРМ, потребни се најмалку 10 милиони евра

Целосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот
Go toTop