Со 1,5 милиони евра обезбедени од ЕУ ИПА 2 програма ќе се подобрува правната рамка за квалитет на воздух

January 29, 2025
1 min read

Со поддршка на ЕУ ИПА 2 Програмата, во номври 2024 година започната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитет на воздух со европските регулативи.

Во рамките на двогодишниот проект за кој Европската Унија обезбеди средства во висина од 1,5 милиони евра целосно ќе се транспонираат европските директиви (2008/50/EC, 2004/107/EC и 2016/2284/EC) во националното законодавство односно ќе се докомплетира законската легислатива за воздух. Согласно директивите ќе се изработи комплетно нов закон за квалитет на амбиентен воздух и повеќе подзаконски акти, односно правилници што ќе ги следат барањата на ЕУ директивите и со тоа ќе се обезбеди поголема уреденост на оваа област. Исто така, ќе се подготват и планови за имплементација на директивите за квалитет на воздух со вклучени фискални импликации за нивно спроведување, велат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во рамките на проектот ќе се изработат националните плански документи за заштита на амбиентниот воздух што произлегуваат од Законот за квалитет на амбиентен воздух, во кои ќе се дефинираат и приоретизираат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во соработка со надлежните институции.

Во исто време ќе се работи на подобрување на националниот инвентар за емисии во воздухот и подготовка и спроведување на план за мониторинг на тешки метали, полициклини ароматични јаглеводороди и испарливи органски сооединенија. Согласно зголемениот обем на мерења ќе се воспостават зони и агломерации за овие супстанци.

Во исто време ќе се работи и на зајакнување на административните капацитети за нивно спроведување и со тоа подобрување на квалитетот на воздухот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО

Следно

Познат хирург од Битола уапсен како зема поткуп од пациент

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop