Снимки пред и потоа: Израелските напади на Појасот Газа траат повеќе од 300 дена

August 2, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските сили вршат континуирани брутални напади врз Појасот Газа веќе 301 ден, во кои се убиени најмалку 39.480 Палестинци од 7 октомври минатата година. Видеото составено од споредби пред и потоа најдобро го покажува степенот на уништувањата што Израел ги изврши во блокираната палестинска енклава, јавува Анадолу.

Меѓу убиените во Појасот Газа 16.314 се деца, а 10.980 се жени. Телата на илјадници убиени Палестинци сѐ уште се под урнатините.

Во израелските напади се ранети најмалку 91.128 Палестинци, а уништена е целата инфраструктура, вклучително и здравствените и образовните институции.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Брисел фрустриран од одлуката на Унгарија за „брза виза“ за Русите

Следно

Илинденски пораки: Наместо поделби, обединување за општо добро

Latest from Blog

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на
Go toTop